Свет
Методија Смиленски екстрадиран во Македонија
Бизнисменот со австриско
државјанство вчера со силно полициско обезбедување беше пренесен во истражниот
затвор „Скопје“ , каде што е сместен во ќелијата позната како „Александар
палас“
Бизнисменот со австриско
државјанство вчера со силно полициско обезбедување беше пренесен во истражниот
затвор „Скопје“ , каде што е сместен во ќелијата позната како „Александар
палас“
Сопственикот на пропаднатата Експорт-импорт банка, Методија Смиленски (69),
обвинет за злоупотреба на околу 50 милиони долари, вчера беше екстрадиран во
Македонија, токму пред истекот на една година од неговото притворање во Србија.
Македонските истражни органи го извршија преземањето на Смиленски од српските
власти на граничниот премин Табановце, каде што вчера имаше големо полициско
обезбедување. Со полициска придружба тој беше пренесен во истражниот затвор
„Скопје“, каде што е сместен во ќелијата позната како „Александар палас“.
Против него е одреден 30-дневен притвор уште додека беше во затвор во Белград.
Ниту еден од тимот адвокати на Смиленски во Србија и во Македонија не беа
известени за екстрадицијата, а за тоа дознаа од новинарите. Се очекува денеска
тој да даде изјава пред истражен судија.
За време на вчерашната екстрадиција беше отворена дилемата дали Смиленски ќе
биде пренесен во затворот во Штип или, пак, во истражниот затвор „Скопје“, каде
што на крајот беше донесен. Адвокатите Јаким Наумов и Милорад Мартиновски
очекуваа нивниот клиент по екстрадицијата да биде пренесен во затворот во Штип.
– Тој треба да биде донесен во штипскиот затвор, бидејќи постапката беше
поведена по меѓународна потерница издадена од Основниот суд во Свети Николе, а
постапка против него се води и пред штипскиот Основен суд, кој сега е со
проширена надлежност – објаснува Наумов.
Според Билјана Зефиќ, директорка на истражниот затвор „Скопје“, Смиленски е
сместен во заедничка ќелија, во услови исти како и за останатите притвореници.
Причина за одолагањето на постапката за екстрадиција беше барањето на Смиленски
за српско државјанство. Адвокатите на Смиленски бараат и да му се суди во
Австрија, зашто тој од 1997 година е нејзин државјанин и е испишан од
македонско државјанство. Србија чекаше и на обвинението против Смиленски кое,
откако беше подготвено во Македонија, нашето Министерство за правда го испрати
во Белград. Обвинението е покренато против Смиленски и против поранешниот
гувернер на Народната банка на Македонија, Љубе Трпески, кој, откако помина
неколку дена во истражен затвор, а потоа еден месец во куќен притвор, беше
пуштен да се брани од слобода. Трпески понуди гаранција од 200.000 евра за
својата слобода. Тој е обвинет дека со злоупотреба на службената положба му
овозможил на Смиленски незаконски да стекне 22 милиона американски долари,
префрлувајќи на сметките на неговите фирми пари од државните резерви. Покрај
ова, наскоро се очекува да има и обвинение за случајот со пропаднатата
Експорт-импорт банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

