Свет
Ќе и објават ли војна на тутунската мафија?
Со неделната конференција за печатот Јани
Макрадули од СДСМ истовремено и ја погоди и ја промаши темата. Прво, точно е
дека има државен шверц на цигари.
СЕ
ПОДГОТВУВА ЛИ МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА НА СРПСКАТА МРЕЖА
Со неделната конференција за печатот Јани
Макрадули од СДСМ истовремено и ја погоди и ја промаши темата. Прво, точно е
дека има државен шверц на цигари. Се додека цигарите во шверцувана варијанта ги
има по пазарите во Македонија, недвосмислено може да се тврди дека државата
шверцува цигари. Одговорот е многу едноставен. Извршната власт ги контролира
граничните премини низ полициски и царински прегледи. Полицијата и УЈП се
дневно присутни на теренот и пред нивни очи се продава акцизна стока (цигари,
алкохолни пијалаци и др.). Само Владата може да се стави над шверцерите и да
каже: доста е!?
Но, Јани Макрадули го погреши датумот на прес-конференцијата. Требаше тоа да го
стори пред ланските парламентарни избори, но и наназад четири години, откако на
15 септември 2002 година „народот ја зеде сопствената судбина во свои раце!“.
Едно е во право Макрадули. И денес има шверц на цигари. И денес со шлепери
влегуваат тони цигари од најразлични брендови. Владата на Груевски има уште три
години време итно да почне да се справува со шверцот на цигари. И да му стават
крај. Црвенковски, Костов и Бучковски, во комбинација со Пенов и Али Ахмети –
тоа не го сторија. Не се ни обидоа. Дури и славниот Џанго Михајловски не го
направи тоа. Ниту како прв цариник, ниту како прв полицаец.
Денес шанса има Никола Груевски. Иако по масовните апсења во Србија, притворања
на клучни луѓе на тамошните криминални групи и потерници по тобако босовите, од
Груевски и неговата екипа не слушнавме ниту најава дека и во Македонија ќе има
слична таква акција против македонскиот дел од регионалната тутунска мафија,
длабоко поврзана со сите досегашни партии од власта и, се разбира, со бизнис-олигархијата.
Значи, на потег се најпрво министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска
и нејзините први асистенти Сашо Мијалков, Љупчо Тодоровски и Рефет Елмази.
Претпоставуваме
дека архивите на МВР се преполни со докази и сознанија за шверц на цигари,
бидејќи на оваа тема е работено од времето кога Павле Трајанов беше директор на
јавната безбедност, па и во годините потоа. До денешен ден екипи на оперативци
не престанале да работат, иако одвреме-навреме биле спречувани со директиви од
„повисоко“, да не чепкаат таму каде што чепкаат. Доволно е МВР да го
преразгледа запленетиот материјал од „Македонија табак“, од есента 2002 година,
кога Стевчо Коцевски се обиде да ја напушти компанијата, со докази натоварени
во преполна службена кола. Бил спречен, колата била запленета, доказите исто
така, а бил направен и записник на сите докази што завршиле во МВР. На тој
настан, но и на празнењето на акцизниот склад на „Македонија табак“ (цигарите
исчезнале во непозната насока!) од МВР присуствувал оперативецот Илија
Кусакатски.
МВР има архива и од „дејствувањето“ на тутунската мафија на Данчо Шутурков до
1999 година, кога полициски екипи по налог на Владата на Љубчо Георгиевски, го
преиспитувале работењето на Страшо Нелковски и Љупчо Настовски Супа. Поседуваме
копија од тој извештај. Но, иако пронајденото било цврсто поткрепено со докази,
кривичната пријава никогаш не стигнала до обвинителството.
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски има шанса да се запише во современата
историја на Република Македонија. Треба само да покрене истрага за шверцот на
цигари од 1990 година па наваму, да ги претресе од корен сите архивирани случаи
поврзани со шверцот на цигари. Така ќе заврши еден голем дел од работата
поврзана со борбата со организираниот криминал, а на Груевски ќе му овозможи да
се пофали пред меѓународната заедница дека, ете, и во Македонија фронтално
почнала борбата со ова зло.
Последниот во оваа галерија ликови моќни да се справат со шверцот на цигари,
моќни да сторат многу повеќе од сите други е – Ванчо Каргов. Можеме да кажеме
дека тој е досега најпродуктивниот човек од соработниците на Груевски, кога е
во прашање шверцот на тутун. Голем проблем на Царинската управа е што доцни
набавката на големите скенери што со финансиска помош од ЕУ ќе бидат купени и
поставени на граничните премини. По тој чин, како царина ќе бидеме способни да
го прегледаме секој шлепер-камион на влезот во Македонија.
Се разбира, борба против организираниот криминал во тутунскиот бизнис нема ако
нема политичка волја. Премалку е и депласирано е МВР денес да се фали со
стореното во ТК Прилеп. Тоа се милиграми во однос на она што се правело
последниве 15 години. Коста Младеновски, Тони Мицајков, Димитар Богдан и Миодраг
Шалевски од ТК „Прилеп“ и од „Макошпед“ се последните што требаше да завршат во
притвор поради овој вид криминал. Главните играчи, налогодавци и босови и
понатаму се на слобода.
ЦАРИНСКА УПРАВА
Нема шверц
со цигари во случајот „Марлборо“
„Филип Морис Скопје“ на посебна сметка во Царината ја уплатил разликата, по што
е направено царинење на цигарите по 10 евра за штека
Царината не го запленила последниот контингент цигари „марлборо“, туку тие биле
задржани само за проверка на вредноста на увезената стока.
– Цигарите се задржани бидејќи се очекуваше брзо да заврши постапката на
проверка, но кога таа се одолжи, цигарите беа пуштени на царинење, а за
разликата во вредноста е уплатен депозит на посебна сметка на Царината од
страна на компанијата „Филип Морис“ – истакна директорот на Царинската управа,
Ванчо Каргов.
Според него, не станува збор за шверц со цигари, како што викендов
потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули ја обвини Владата дека почнала да се
занимава со шверц на цигари, со тоа што дозволила компанијата „Филип Морис“ да
увезе цигари во вредност од 10 евра за една штека, која претходно се царинела
по 12,5 евра за сто цигари.
Каргов напомена дека Царината заедно со тутунопроизводителите и увозниците на
цигари, работат на сузбивање на нелегалната продажба на цигарите. Досега
Царината поднела 29 кривични пријави за шверц на цигари против физички и правни
лица. Каргов најави дека доколку се утврди постоење елементи за клевета
Царинската управа ќе поднесе пријава против потпретседателот на СДСМ, Јани
Макрадули.
– Не е скандалозен увозот на марлборото, скандалозно е што Царинската управа е
единствената на овие простори што нема сопствена лабораторија за испитување на
производите. Скандалозно и исчезнување на 340 тони сечкан ароматизиран тутун од
царинските складишта. Скандалозно е што не е направен попис на стоката во
магацините, што Царината има неоспособени гранични премини за царинење, како и
укинувањето на внатрешната ревизија – напомена директорот на Царинската управа,
Ванчо Каргов.
Според него, не е скандалозно вработувањето нови царински службеници, како што
некои сакаат тоа да го прикажат. Тој напомена дека наскоро се очекува одобрение
од Министерството за финансии за вработување нови 95 цариници.
– Тие не се администрација, туку инвестиција – додаде Каргов.
Царинската управа, како што изјави Каргов, ги зголемила приливите на средства
од царини, наплата на ДДВ и акцизи. Вкупните приходи изнесуваат околу шеснаесет
милијарди денари и се за 31,82 отсто повисоки од истиот период лани. Наплатата
на ДДВ од увоз е зголемена за 34 отсто, а наплатата на акцизи достигнала 260
милиони денари со пораст од 37,26 отсто.
Г.Г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

