Свет
За газдите на „Платина“ 15 години затвор
Газди на фирмата „Платина инженеринг“, сопружниците Рокан (49) и Маријана
(49) Атанасоски, вчера беа осудени на вкупно 15 години затвор, а сопственикот
на „Асиба МГ“, Пеце Дамевски (53), доби петгодишна затворска казна за перење на
500.000 евра преку Комерцијална банка.
ПРЕСУДА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ПРЕКУ
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
Газди на фирмата „Платина инженеринг“, сопружниците Рокан (49) и Маријана
(49) Атанасоски, вчера беа осудени на вкупно 15 години затвор, а сопственикот
на „Асиба МГ“, Пеце Дамевски (53), доби петгодишна затворска казна за перење на
500.000 евра преку Комерцијална банка. Дамевски е единствениот што беше
притворен за големата афера што беше откриена во јануари годинава и тој вчера
мирно ја прифати пресудата. Другите обвинети се во бегство и по нив е распишана
потерница. За овој случај вчера беше осудена и Рената Посавац, директор во
„Платина инженеринг“, која доби 6 години затвор за перење пари. Обвинетите
солидарно треба да ги вратат 514.360 евра што претставниците на Комерцијална
банка ги побараа како отштета. Маријана Атанасоска доби 8 години затвор, а
нејзиниот сопруг беше осуден на седумгодишна затворска казна за злоупотреба на
службената должност и за перење пари.
Во јануари годинава Одделението за економски криминал на СВР Скопје поднесе
пријава, по што Одделението за организиран криминал во Обвинителството подигна
обвинение против осомничените. На сопружниците, познати по аферата со станови
на наивната фирма „Платина инженеринг“, им се судеше во отсуство и се
претпоставува дека тие се избегани во странство.
Според обвинението, Маријана Атанасоска, која работела како одговорно лице во
Секторот за односи со странство, со овластувања од прва категорија за
надворешен промет на Комерцијална банка, во два наврата ја злоупотребила
службената положба.
Таа без налог и без покритие извршила плаќање по дознака по претходно отворени
акредитиви на две странски фирми во вкупен износ од 514.250 евра. За фирмата
Тајонеџ холдинг лимитед Нѕцосиа-Цѕпрус таа извршила плаќање во износ од 157.250
евра, а за фирмата на Дамевски, ДИН ДОО „Оточец“, Словенија, 357.000 евра.
Целата финансиска „операција“ била поттикната од Рокан. На брачната двојка и’
требале пари, а претходно настанале компликации околу банкарска гаранција за
добивање кредит. Поради тоа Рокан ја поттикнал сопругата да му предложи на
Дамевски дали некоја банка од Словенија или од Австрија може да изврши откуп на
акредитив, што таа би го отворила.
По ова Дамевски заминал во Словенија и од Нова Љубљанска банка (НЛБ) добил
информација дека во рок од 10 до 15 дена може да се откупи акредитивот, за кој
требало да се склучат договори откако коресподентската банка ќе го испратела
свифтот за акредитивот.
По ова, Маријана отворила акредитив на веќе постоен број на акредитив на
налогодавецот „Тиквеш Винарска визба“ АД Скопје, наменет за друг корисник,
вметнувајќи ја фирмата на Дамевски како корисник на акредитивот на износ од
357.000 евра, со ознака дека е платено во НЛБ-Љубљана.
Во акредитивот таа се повикала на профактура, наводно издадена од фирмата ДИН
ДОО „Оточец“ за фирмата „Тиквеш“, со што била задолжена сметката на Комерцијална.
Откако Атанасоска го доставила свифтот за отворениот акредитив од страна на
наводниот налогодавец „Тиквеш“ во корист на фирмата ДИН ДОО „Оточец“, Дамевски
бил известен од НЛБ-Љубљана дека акредитивот е отворен и дека парите се
пристигнати. По склучувањето договор за откуп на акредитивот од страна на
банката, парите веднаш биле префрлени на сметката на фирмата ДИН ДОО „Оточец“.
Во истрагата е утврдено дека од вкупната сума на сметката на „Платина
инженеринг“, Дамевски префрлил 97.921 евро, потоа по негов налог 50.000 евра на
име банкарска гаранција биле префрлени на фирма во Германија, а пак 60.000 евра
како банкарска гаранција на сметка во Лондон. Остатокот од парите, околу 50.000
евра, Дамевски ги извадил од сметката на својата фирма на име материјални
трошоци и тие пари му ги дал на Рокан Атанасоски при нивната средба во Загреб,
задржувајќи провизија од 8 отсто од севкупната сума на акредитивот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.
На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.
Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.
Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА
Свет
Зеленски им нуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им понуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток. Тој потврди дека, во замена за некои од нивните ракети за воздушна одбрана, е подготвен да им испрати украински напредни пресретнувачи на беспилотни летала, за да можат тие земји подобро да се заштитат од иранските напади со беспилотни летала.
Нападите на Израел и САД врз Иран предизвикаа ирански одмазднички напади низ целиот регион, вклучително и напади со беспилотни летала.
Русија користи ирански дизајнирани беспилотни летала Шахед за време на четиригодишната инвазија на Украина, а Киев разви серија евтини и ефикасни пресретнувачи на беспилотни летала, авиони дизајнирани да уништуваат дојдовни беспилотни летала во воздух, за кои тврди дека се меѓу најдобрите во светот.
Во исто време, Украина се соочува со недостиг од ракети за воздушна одбрана PAC-3, скапа муниција што се користи за соборување на дојдовните руски ракети за одбрана на украинските градови и клучна инфраструктура.
„Прашањето број еден е како да го заштитат своето небо. И ние самите живееме со тоа прашање“, призна Зеленски.
„Ајде да разговараме за оружјето што ни недостасува: ракети PAC-3, ако ни ги дадат, ние ќе им дадеме пресретнувачи“, нагласи тој.
фото/ Depositphotos

