Свет
Петмина полицајци од Деве Баир осудени по две и пол години затвор
Петмина полицајци вработени на граничниот премин
Деве Баир вчера во Основниот суд Скопје 1 беа осудени на по две и пол години
затвор поради примање поткуп.
Петмина полицајци вработени на граничниот премин
Деве Баир вчера во Основниот суд Скопје 1 беа осудени на по две и пол години
затвор поради примање поткуп. Затворска казна во траење од по една година судот
им изрече и на двајца угостители, вработени во угостителскиот објект „Палас“,
лоциран на граничниот премин Деве Баир, кај Крива Паланка.
На ефективни затворски казни скопска „единица“ ги осуди полицајците Денис
Салимов (28), Бобан Костовски (37), Славица Ристеска (34), Дане Ѓоргиевски (41)
и Радослав Цоневски (37), а затвор им беше изречен и на келнерот Драги
Јакимовски (44) и на готвачот Орце Станојевски (43).
Од виновност се ослободени келнерите Гоце Додевски (44) и Славчо Тасковски
(28). Првиот е ослободен поради тоа што Јавното обвинителство не најде вина кај
полицајката Мери Додевска (27), која исто така се товареше дека примила поткуп.
Со оглед на тоа што за Додевска немаше докази дека примила поткуп,
Обвинителството не можеше да го обвини и келнерот дека примил поткуп. Од
натамошен прогон е ослободен и келнерот Тасковски.
Судот донесе одлука, а по барање на бранителите на обвинетите на сите осудени
да им се укине мерката притвор што им беше одреден уште на 23 февруари оваа
година. Времето што сега осудените го минаат во Истражниот затвор „Скопје“ ќе
им биде пресметано во вкупната казна.
Со вчерашната првостепената пресуда Основниот суд Скопје 1, по затворањето на
случајот со полицајците од граничниот премин Богородица, разреши уште еден
случај кој се однесува на примање поткуп од униформирани лица. Во конкретниот
случај, првично беа осомничени 19 лица, но за цариниците од преминот Деве Баир
предметот беше издвоен и по него ќе постапува Основниот суд во Куманово.
Пред стартот на судскиот процес за сега осудените полицајци и угостители
постоеја извесни шанси и овој предмет да се суди во кумановскиот или
кривопалнечкиот суд, но тој, сепак, заврши кај судиите кои работат предмети од
организираниот криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

