Свет
Нашите наркозависници користат најскап „метадон“
Според некои пресметки, годишното лекување ја чини државата околу 1.150 долари по лице, но надлежните сметаат дека тоа е двојно помало
Фрапантни сознанија за средствата што се трошат за лекување на зависниците од дрога
Според некои пресметки, годишното лекување ја чини државата околу 1.150 долари по лице, но надлежните сметаат дека тоа е двојно помало
ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА
Наркозависниците во нашата земја кои се на тераписки третман користат најскап метадонни не само на Балканот туку, можеби, и во Европа. Лекувањето на еден наркозависник годишно ја чини државата околу 1.150 долари по пациент. Споредбената анализа на цената покажала дека Полска годишно ја чини 150 долари, додека во Германија за зависниците од дрога се издвојува по околу 300 долари. До вакви сознанија случајно дошле во Министерството за здравство при неодамнешното отворање на Центарот за болести на зависност во Струмица. Ова било доволен аргумент да се провери зошто нашата земја троши толку многу средства за лекување на наркозависниците. Дали тоа е резултат на превисоката цена на лекот, или на зголемената примена на †метадонотти како последица на сў поголем број лица зависници од дрога.
Во Фондот за здравствено осигурување, кој го набавува лекот за потребите на двата центри во Скопје, велат дека со годишната сума за лекување на еден наркозависник од 1.150 долари некој направил превид, зашто нивните математики се дека таа е двојно помала. Македонија, поточно Фондот за здравствено осигурување за метадонската терапија годишно троши околу 300.000 долари. Толку пари, како што ни изјави директорот на Фондот, проф.д-р Никола Пановски, се издвојуваат од здравствената каса за околу 520 зависници од дрога кои се на третман во двата центри во Скопје. Доколку се направи пресметка, излегува дека годишната сума за метадонска терапија за еден пациент изнесува 575 долари.
Пановски признава дека и оваа сума е поголема од другите земји, посебно ако се направи компарација со Германија каде што од земјите во Европа издвојува најмногу средства за лекување на наркозависниците. †Но, сумата од 575 долари е постигната на минатиот тендер, каде што како снабдувач се јавува †Алкалоидди, вели Пановски, а Фондот постојано прави напори за намалување на трошоцитееи. Така, како што дознаваме неофицијално, на најновиот меѓународен тендер цената на †метадонотти е намалена за 37 отсто како резултат на поголемата конкуренција, со што за годишната пресметка за лекување на еден пациент е околу 420 долари. На тендерот, како што дознаваме, за овој лек конкурирале †Пливааи, †Алкалоидди и †Хемофармми. Во Фондот признаваат дека и оваа сума е голема ако се знае дека од Глобал-фонд при Светската здравствена организација признаваат сума од 150 долари за наркозависник. Затоа тие и натаму ќе прават напори за нејзино намалување.
Во болницата во Бардовци, исто така, сметаат дека цената на †метадонотти е висока. Директорката на болницата, прим.д-р Славица Гајдазис, признава дека е направена грешка при презентацијата на информациите за пресметките околу цената на годишната метадонска терапија по лице и таа, според неа, се движи околу 600 долари. Таа е изведена според дневните дози од околу 80 милиграми †метадонни по човек. Д-р Гајдазис се надева дека цената на †метадонотти и натаму ќе паѓа, со што би можело да се покриваат поголем број наркозависници.
†Ова не значи, додава таа, дека Фондот ги ограничува средствата за околу 500 наркозависници, туку толку се регистрирани засега..и
Во Скопје со метадонска терапија се покриваат околу 360 наркозависници регистрирани во двата ценатри, а другите до 520 се во Охрид, Штип, Струмица. Но, оваа бројка е само пет до седум отсто од вистинската слика на теренот, а според епидемиолошките претпоставки, во Македонија има од 8.000 до 10.000 зависници од дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.
Свет
САД дозволија евакуација на дел од персоналот од Кипар, Јордан и Пакистан
Американскиот Стејт департмент ги овласти службениците на американската влада кои не се вклучени во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар поради конфликтот поврзан со Иран.
Мерката е донесена поради ограничената можност на амбасадата на САД во Никозија да им помогне на американските државјани.
Во исто време, амбасадата на САД во Јордан ги откажа состаноците и им наложи на вработените и на американските државјани да побараат засолниште. Патничкиот совет за Јордан е на ниво „преиспитајте го патувањето“, поради ризици од тероризам и вооружен конфликт.
Стејт департментот нареди и персоналот што не е неопходен во конзулатите во Карачи и Лахор во Пакистан да ја напушти земјата со своите семејства.
Одлуката следува по протестите во Карачи, при кои биле убиени 10 лица и повредени околу 60, откако демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесе Ал Џезира.

