Свет
Рудникот „Злетово" ќе оди на нов тендер
“Ксеминекс” го губи рудникот во Пробиштип, Русите можат да влезат во „Саса”
“Злетово” беше продаден дури по четвртиот тендер, а “Ксеминекс” го доби во декември минатата година, но за ова време не направи ништо за негово рестартирање.
“Ксеминекс” го губи рудникот во Пробиштип, Русите можат да влезат во „Саса”
“Злетово” беше продаден дури по четвртиот тендер, а “Ксеминекс” го доби во декември минатата година, но за ова време не направи ништо за негово рестартирање. “Саса”, исто така, доживеа четири тендери, а последен пат беше продадена на 14 април годинава на руската компанија “Рон трејд” , но се чекаше на правно расчистување на сите дилеми во врска со Блажо Тасев
ИВАН БОЈАЏИСКИ
ШТИП – Рудникот за олово и цинк “Злетовоои во Пробиштип ќе Ј биде одземен на американската компанија “Ксеминексси и ќе оди на нов, петти меѓународен тендер. Ова за време на завчерашната работна посета на Штип ни го изјави премиерот Владо Бучковски. Како причина за ваквото решение премиерот го спомна фактот дека до овој момент “Ксеминексси не исполнил ништо од договорот според кој ја доби можноста да управува со овој рудник.
Од друга страна, премиерот Бучковски со јасен став во поглед на иднината на рудникот “Сасааи кај Македонска Каменица: “Рускиот инвеститор оправдано чекаше по судски пат да бидат завршени сите процеси во однос на случајот со Блажо Тасев, а бидејќи Апелациониот суд во Штип ги потврди и последните одлуки на Основниот суд во Кочани со кои овој рудник е “ослободенни од шпекулативниот капитал, чиј застапник беше словенечкиот бизнисмен од македонско потекло, целосно се отвори можноста руската компанија “Рон трејдди да го започне процесот на неговото рестартирањееи, ни изјави Бучковски.
Според министерот за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски, при последната продажба на рудникот од Пробиштип Владата ги имала предвид и барањата на рударите претставувани од Синдикатот во рударскиот град.
>†На последниот тендер ја имавме само понудата на “Ксеминексси. Пробиштипскиот синдикален лидер Ванчо Трајчевски во име на рударите побара овој рудник да се даде на единствениот понудувач и постапивме согласно со барањата што ни беа упатени од Пробиштип, иако беше евидентно дека за купување на “Злетовоои интересот е сосема малли, потенцира министерот Јакимовски.
Според него, самиот факт дека “Ксеминексси го нема исполнето договорот потпишан при преземањето на рудникот не значи ништо друго освен неминовно раскинување и барање нов стратегиски инвеститор за “Злетовоои.
“Или Владата ќе го поништи договорот или јас, како министер за труд и социјална политика, ќе поведам стечајна постапка, бидејќи “Ксеминексси ги нема платено придонесите за вработените во рудникот. Но, сакам да укажам и на фактот дека стечајна постапка поради неплатените придонеси можат да поведат и самите рудари преку нивниот синдикат. А, зошто нивниот синдикален лидер Трајчевски на ваков начин не ги штити нивните интереси, рударите треба да го прашаат негоои, вели Јакимовски.
Министерот Јакимовски вели дека е горд поради тоа што како министер за економија не дозволил во нашава држава да влезе шпекулативен капитал на кого застапник му бил словенечкиот бизнисмен од македонско потекло Блажо Тасев.
>†За Република Македонија е од извонредно значење тоа што навреме била спречена можноста со таков капитал да се купува нејзин имот. На рударите од “Сасааи и на каменичкото подрачје им престои убава иднина, бидејќи рускиот инвеститор “Рон трејдди ја покажа сета своја сериозност при купувањето и брзото рестартирање на рудникот “Бучимми, а е подготвен да го стори тоа и со “Сасааи. Сега, кога Апелациониот суд во Штип ги потврди одлуките на Основниот суд во Кочани во однос на сопственоста на Тасев врз него, руската компанија може да започне со подготовките за рестарт на овој значаен македонски стопански капацитетти, рече Јакимовски.
Инаку, “Злетовоои беше продаден дури по четвртиот тендер, а “Ксеминексси го доби во декември минатата година, но за ова време не направи ништо за негово рестартирање. “Сасааи, исто така, доживеа четири тендери, а последен пат беше продадена на 14 април годинава на руската компанија “Рон трејдди на бизнисменот Александар Бронштајн, но се чекаше на правно расчистување на сите дилеми во врска со Блажо Тасев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

