Свет
Битолска „Стопанска банка“платила најмногу данок, „Алкалоид“ со најголем
„Стопанска банка Битола“, „Макстил“, „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Фершпед“ се петте домашните компании што ќе платат најмногу данок на добивка за своето успешно работење во првата половина на годинава и кои котираат на Македонската берза.
Никола Стојанов
„Стопанска банка Битола“, „Макстил“, „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Фершпед“ се петте домашните компании што ќе платат најмногу данок на добивка за своето успешно работење во првата половина на годинава и кои котираат на Македонската берза. Воедно, првите четири од нив се и најпрофитабилните компании во земјава.
Ова е ранг-листата на најголеми плаќачи на даноци што „Време“ почнувајќи од сега традиционално ќе ја објавува на секои 6 месеци. Ранг-листата е направена врз основа на податоците од шестмесечни неревидирани финансиски извештаи на 27 компании, кои објавиле финансиски извештаи, а чии акции котираат на Македонската берзата за хартии од вредност.
Овие компании на државата ќе и платат 2,3 милиони евра данок на добивка, што е повеќе од 10 отсто од сите пари за данок на добивка што Министерството за финансии планирало да ги собере за првата половина од годинава. На листата на десетте најголеми плаќачи на данок на добивка се и хотелите „Македонија Турист“, потоа „Макошпед“, „Инвест банка“, битолската Фабрика за квасец и веледрогеријата и производител на лекови „Реплек“.
Според анализата на „Време“, заедно со парите за данок на добивка на другите 22 компании чии акции котираат на официјалниот пазар, а кои прикажале добивка, државата за првата половина на годинава ќе собере 3 милиони евра. Ова се 15 отсто од сите 20,9 милиони евра пари за данок на добивка што Министерството за финансии планирало да ги собере од македонските фирми.
Компании со најголем профит
(за првите 6 месеци 2005 година)
1. АЛКАЛОИД СКОПЈЕ 4,1 милиони евра
2. МАКСТИЛ СКОПЈЕ 3,25 милиони евра
3. КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СКОПЈЕ 3 милиони евра
4. СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 2,6 милиони евра
5. ФЕРШПЕД СКОПЈЕ 2 милиони евра
6. ОХРИДСКА БАНКА СКОПЈЕ 1,2 милиони евра
7. РЕПЛЕК СКОПЈЕ 0,62 милиони евра
8. ТОПЛИФИКАЦИЈА СКОПЈЕ 0,6 милиони евра
9. МАКОШПЕД СКОПЈЕ 0,44 милиони евра
10. КВАСАРА БИТОЛА 0,4 милиони евра
Најголем плаќачи на данок на добивка
(за првите шест месеци 2005 година))
1. СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 650.000 евра
2. МАКСТИЛ СКОПЈЕ 570.000 евра
3. КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СКОПЈЕ 530.000 евра
4. АЛКАЛОИД 319.000 евра
5. ФЕРШПЕД 240000 евра
6. МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ СКОПЈЕ 187.000 евра
7. МАКОШПЕД 78.000 евра
8. ИНВЕСТ БАНКА СКОПЈЕ 65.000 евра
9. КВАСАРА БИТОЛА 57.000 евра
10. РЕПЛЕК 49.000 евра
УЈП КАКО ВОЕНА ТАЈНА ГИ ЧУВА ПОДАТОЦИТЕ
Управата за јавни приходи ги крие податоците за тоа која фирма колку плаќа за даноци. Според образложението на Петра Митева, директорката на УЈП законот што ја регулира работата на таа институција не и дозволувал да открива податоци што биле деловна тајна и морала за нивно објавување да бара согласност од фирмата за која се бараат податоци. Митева пред една година во изјавата за „Време“ вети дека во најскоро време ќе побара од пратениците тој член од Законот за работа на УЈП да се избрише. До денеска Митева го нема остварено ветувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

