Свет
Поплавите во Малезија однесоа 12 животи

Поплавите во Малезија однесоа 12животи, а без покрив на главата оставија 20 000 луѓе, пренесуваат медиумите.
Поплавите во Малезија однесоа 12 животи, а без покрив на главата оставија 20 000 луѓе, пренесуваат медиумите. Невремето е предизвикано од монсунските дождови, кои не се очекува да престанат. Поради невремето се очекува покачување на цената на храната. Малезија годинава се соочи со најголеми поплави, кои не се паметат во текот на изминатите 40 години. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Поголемиот број делови од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓа од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја.
„Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. Недостатокот на доволен притисок врз Северна Кореја и нејзините поддржувачи овозможува производство на такви балистички ракети“, рече Зеленски.
Тој додаде дека ракетата што го погодила Киев содржела најмалку 116 компоненти од други земји. „За жал, повеќето од овие компоненти беа произведени во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.
Тој, исто така, предупреди за поширокиот контекст на војната.
„Во денешниот свет, секоја војна може многу брзо да вклучи широк спектар на актери. Жртвата на агресија никогаш не се брани само од еден непријател, туку од цела група помагачи. Затоа е важно одбраната да се базира на колективни напори“, рече Зеленски.
Тој повторно повика на итен притисок врз Москва.
Свет
Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота со неговата сопруга Џил, соопшти неговиот кабинет.
Двојката ќе патува на погребот самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот. Според Ватикан, речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот.
Џо Бајден, католик (единствениот католички американски претседател покрај Џон Кенеди), редовно ја изразуваше својата наклонетост и восхит кон папата Францискo, со кого имаше неколку официјални и приватни разговори и чиј портрет го чуваше во Овалната соба.
Бајден планираше да го посети Ватикан на крајот од својот мандат во јануари за да му го врачи на папата Претседателскиот медал за слобода, најпрестижната американска цивилна награда, но мораше да го откаже патувањето поради пожарите во Лос Анџелес.
Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст.
Европа
Пристигна првата реакција на Украина за преговорите меѓу Путин и човекот на Трамп

Јуриј Сак, советник во украинското Министерство за стратешки индустрии, за Би-би-си изјави дека Русија „одолговлекува“ во преговорите за Украина и го третира целиот процес како „спектакл“. Сак нагласи дека Украина секојдневно комуницира со своите европски партнери и дека тие го уверуваат дека ќе ја поддржат Украина сè додека не се постигне мир.
Сепак, тој додаде дека постојат работи што само САД можат да ѝ ги обезбедат на Украина, па затоа е „многу важно да се зачува стратешкото партнерство“ со Вашингтон. „Русија мора да покаже вистински докази дека е посветена на мировниот процес“, рече Сак.
Да потсетиме, претходно денес, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф одржале „конструктивен состанок“ во Москва, каде што разговарале, меѓу другото, за можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина.