Свет
САД бара НАТО да ја зајакне мисијата во Авганистан

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на преговори сопретставници на земјите членки на НАТО бара зајакнување на военатамисија во јужен Авганистан.
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс на преговори со претставници на земјите членки на НАТО бара зајакнување на воената мисија во јужен Авганистан. САД, на дводневната средба што започна вчера во Единбург, се обидува да ја засили состојбата во јужен Авганистан, каде нападите на талибанците се почести, како и да зајакне централната власт во Кабул. Неименуван американски претставник изјави дека американскиот министер за одбрана ќе разговара и за создавање „главен документ“ или стратешки план. Со овој документ треба да се објасни зошто НАТО е во Авганистан и кои се плановите кои што Алијансата планира да ги реализира во наредните години./крај/хи/ам Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Камион налетал на запрен автомобил, загинаа сестри: тешка сообраќајна несреќа во Загреб

Две лица загинаа, а трето е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на обиколницата на Загреб.
Хрватската полиција објави извештај за тешката несреќа во која настрадаа две сестри, а трето лице е повредено.
„Денес во 9 часот наутро, 40-годишен маж управувал камион со загрепски регистарски таблички, а се движел се по автопатот А3 во североисточен правец. При достигнувањето на 39-тиот километар, тој не ја прилагодил брзината на возилото на состојбата и карактеристиките на патот и атмосферските услови за да може навреме да го запре своето возило пред секоја пречка што можел да ја предвиди во специфичните услови.
Во таа прилика, предниот дел од возилото се судрил со задниот дел од патничко возило со дубровнички регистарски таблички управувано од 67-годишна жена, која се движела по десната лента од горенаведениот коловоз во правец североисток, и во моментот на судирот била запрена на горенаведената лента.
Како резултат на судирот, патничкото возило со дубровнички регистарски таблички било фрлено надесно, а неговиот преден дел се судрил со предниот дел од патничко возило со загрепски регистарски таблички управувано од 62-годишен маж, кој се движел по десната лента на автопатот А3 во правец североисток.
Во сообраќајната несреќа загинаа 67-годишниот возач на патничко возило со дубровнички регистарски таблички и 65-годишна сопатничка од возилото, додека 56-годишната сопатничка од истото возило е тешко повредена и ѝ е укажана лекарска помош во Клиничката болница Дубрава“, соопшти Полициската управа во Загреб.
Свет
Трамп вели дека „Крим ќе остане руски“, Зеленски му одговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес јасно го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане во Русија“, велејќи дека полуостровот ѝ припаѓа на Украина.
„Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев, додавајќи: „Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии… ѝ припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“.
Изјавата на Зеленски дојде откако Трамп во интервју за списанието „Тајм“, објавено денес, рече дека „Крим ќе остане со Русија“.
Трамп додаде дека „Зеленски го разбира тоа“ и дека „сите разбираат дека [Крим] е со нив долго време“, мислејќи на Русија. Крим е стратешки важен полуостров во јужна Украина што Русија нелегално го анектираше во 2014 година. Зеленски постојано ја отфрла идејата за признавање на регионот како руски.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.