Свет
Русија го укина ембаргото на увоз на месо од Полска
Русија го укина ембаргото на увоз на месо од Полска воведено пред двегодини, јавуваат денеска полските медиуми.
Русија го укина ембаргото на увоз на месо од Полска воведено пред две години, јавуваат денеска полските медиуми. Москва го воведе ембаргото со објаснување дека полската ветеринарна контрола не е доволна, а дека со лажна документација како полско месо на рускиот пазар стига и месо од трети земји, како САД. Варшава овие обвинувања ги отфрли како политички, а кон крајот на минатата година поради ембаргото стави вето на преговорите за договорот на Европската унија со Русија за трговското партнерство. Експертите на полската и руската ветеринарна служба и министерствата за земјоделство вчера во Калињград постигнаа договор за ова спорно прашање. Варшава се надева дека Москва наскоро ќе го укине и ембаргото за растителни производи. /крај/б/ст Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пристигна реакцијата на Хамас за планот на Трамп за преземање на Газа
Палестинската милитантна група Хамас реагираше на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на Газа и принудното преселување на Палестинците.
Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, изјави портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми.
„Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови да поминат. Она што се бара е крај на окупацијата и агресијата врз нашиот народ, а не протерување од нивната земја“, рече тој.
Зухри ги опиша изјавите на Трамп за преземање на Појасот Газа како смешни и апсурдни.
„Изјавите на Трамп за неговата желба да ја контролира Газа се смешни и апсурдни и какви било идеи од ваков вид може да го запалат регионот“, рече Абу Жури, пренесе Ројтерс.
Коментарите на Трамп доаѓаат во критично време, со преговорите за продолжување на примирјето во Газа во раните фази.
Свет
Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, денеска објави дека на полуавтономната данска територија ќе се одржат општи избори на 11 март, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за купување на арктичкиот остров.
Главните прашања во изборната кампања се очекува да бидат аспирациите на Гренланд за независност и односите со Данска и САД, како и кревката економија која зависи од риболовот и данските субвенции.
Оживувајќи ја идејата што ја даде за време на неговиот прв мандат во 2019 година, Трамп минатиот месец ја изрази својата желба да го „придобие“ стратешки важниот остров, оставајќи ја отворена можноста за употреба на воена или економска сила за да се постигне тоа.
Гренланд, кој има огромни неискористени минерални ресурси, рече дека е отворен за деловни предлози, но дека не сака да биде дел од Соединетите држави. Како одговор на интересот на Трамп и стравувањата од странско мешање, парламентот во вторникот забрани странски и анонимни донации за политички партии.
Интересот на САД, исто така, ги поттикна пратениците да ги заострат регулативите за странските недвижности и инвестициите во недвижности оваа недела. „Поминуваме низ многу сериозен период, каков што никогаш не сме доживеале. Ова не е време за внатрешни поделби“, рече премиерот Егеде во објавата на социјалните мрежи во која не се споменува Трамп.
Движењето кон целосна независност од поранешниот колонијален владетел Данска доби на интензитет во последниве години. Егеде, кој ќе наполни 38 години на денот на изборите, ја поддржува независноста, но не предложи план за постигнување на таа цел. Тој ја предводи владејачката коалиција составена од неговата левичарска партија Инуит Атакатигиит и социјалдемократската партија Сиумут.
Иако сите пет парламентарни партии ја поддржуваат независноста, тие не се согласуваат како и кога треба да се постигне. Само опозициската партија Налерак, која во моментов има пет места во парламентот од вкупно 31, сака веднаш да ги прекине односите со Данска. „Најважниот дел од нашата изборна кампања ќе биде да го започнеме процесот на независност од Данска“, изјави за Ројтерс лидерот на партијата Налерак, Пеле Броберг.
Мнозинството жители на Гренланд би гласале за независност доколку сега се одржи таков референдум, покажа неодамнешната анкета спроведена од Verian и нарачана од медиумите.
Сепак, анкетата, исто така, покажа дека 45 отсто би се спротивставиле на независноста доколку тоа негативно влијае на животниот стандард, што укажува на тоа дека патот до независноста останува неизвесен.
Свет
Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави
Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по коментарите на Трамп за „преземање“ на Газа.
„Имавме долгогодишен двопартиски став за решение со две држави“, им рече тој на новинарите, мислејќи на создавањето на независна палестинска држава која ќе постои заедно со Израел.
„Позицијата на Австралија е иста, како и утринава, како и минатата година, како и пред 10 години“, рече тој, додавајќи дека оваа позиција добила двопартиска поддршка.
Албанез додаде дека нема да дава „дневни коментари за изјавите на американскиот претседател“.