Свет
Над 50 загинати во несреќа во Индонезија
Најмалку 51 лицазагинаа ноќеска на индонезискиот остров Јава при лизгање на земјиштепредизвикано од поројните дождови, соопшти локалната полиција.
Најмалку 51 лица загинаа ноќеска на индонезискиот остров Јава при лизгање на земјиште предизвикано од поројните дождови, соопшти локалната полиција.Спасувачките екипи се соочуваат со големи потешкотии да пристигнат до настраданите подрачја поради непроодноста на патиштата.Се стравува дека бројот на загинатите е поголем, а според некои локални медиуми и неофицијални извори таа бројка изнесува 59. /крај/х/ап/ Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.
Свет
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери кои ќе овозможат патниците да поминуваат низ безбедносна контрола без да ги одвојуваат течностите и електронските уреди од рачниот багаж.
Првиот сет скенери ќе почне да работи во понеделник, а до летото ќе бидат инсталирани на сите контролни пунктови.
Новата технологија, вредна 36,4 милиони евра, може да открие цврсти и течни експлозиви и автоматски ги обележува сомнителните предмети на дигиталната силуета на патникот.
Додека не заврши инсталацијата на опремата, ограничувањето од 100 милилитри по пакување течности останува на сила, но по целосната замена на опремата, патниците ќе можат да носат шишиња до два литри.
Како дел од модернизацијата, аеродромот во Цирих воведува и нови скенери за тело, кои ги заменуваат повеќето рачни претреси.
Свет
(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење
Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук.
Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30 часот по локално време. Во нападот биле користени неколку хиперсонични ракети „Зинжал“, како и десетици дронови.
Градоначалникот на Кременчук, Виталиј Малецки, соопшти дека во делови од градот има прекини на струја, вода и греење, и додаде дека екипите работат на стабилизирање на критичната инфраструктура.
Тој ги повика жителите да останат на безбедни места.
UPDATE—-More footage that has come out from tonight’s Russian strikes on Kremenchuk in the Poltava region of Ukraine. pic.twitter.com/D9wBFrEMSw
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) December 7, 2025
Засега нема информации за жртви или за обемот на материјалната штета.
Паралелно со нападот, експлозии биле пријавени и во Фастив, во Киевската област. Таму претходниот ден беше погодена главната железничка станица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тој напад го нарече „воено бесмислен“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, осум лица се повредени во нападите од 5 декември во регионите Киев, Лвов и Дњепропетровск.
Руските напади продолжуваат додека САД се обидуваат да посредуваат во напорите за запирање на војната.

