Свет
Екс министерот за внатрешни работи на Украина мртов-случај Гонгадѕе
Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина Јуриј Кравченко денеска е пронајден мртов во својата вила во близина на Киев, соопшти портпаролот на Министерството Јуриј Лученко.
Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина Јуриј Кравченко денеска е пронајден мртов во својата вила во близина на Киев, соопшти портпаролот на Министерството Јуриј Лученко. Според украинските медиуми, на местото веќе се наоѓаат истражни органи, како и владини претставници, а првичните информации се дека екс министерот извршил самоубиство. Денеска Кравченко требаше да присуствува на судскиот распит по делото за убиството на новинарот Георгиј Гонгадѕе, кој во 2000 година исчезна, а потоа беше пронајден мртов, во време кога прв човек на украинското МВР беше Кравченко. Убиството на Гонгадѕе се поврзува со сториите што ги објавил украинскиот новинар, во кои се споменуваат случаи за корупција во кои биле вмешани и поранешниот претседател Леонид Кучма, како и владата на екс премиерот Виктор Јанукович. Вчера регионалниот суд на Киев изрече мерка со која се продолжува притворот на претходно уапсените членови на полицијата, обвинети за овој случај. Неодамна главниот обвинител на Украина Свјатослав Пискун изјави дека делото “Гонгадѕе“ е завршено. Според него, во истрагата се откриени извесни имиња на нарачателите на убиството. “Сите осомничени во моментот на убиството на Гонгадѕе работеле во милицијата“, изјави главниот обвинител. Украинскиот претседател Виктор Јушченко, обраќајќи се преку соопштение до јавноста, смета дека смртта на поранешниот министер Јуриј Кравченко може да биде поврзана со истрагата за убиството на новинарот Георгиј Гонгадѕе. Јушченко побара истрагата за случајот “Гонгадѕе“ да биде спроведена крајно професионално. Денеска и парламентарната група на комунистите во Украина од обвинителството побара веднаш да биде уапсен поранешниот украински претседател Леонид Кучма./крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Закана за бомба на Централната автобуска станица во Москва
Безбедносните сили истражуваат анонимна закана за поставување бомба на Централната автобуска станица во источниот дел на Москва, изјави денес претставник на московските служби за итни случаи.
„Примена е анонимна пријава за закана со бомба на Централната автобуска станица“, изјави неименуван извор за „РИА Новости“.
Според него, безбедносните сили биле испратени на автобуската постојка за да го истражат телефонскиот повик.
Лажни закани со бомби се упатуваат во различни руски градови од крајот на 2019 година.
Нивните цели се судови, трговски центри, метро станици, авијациска и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.
Европа
(Видео) Тројца тинејџери загинаа во Франција откако паднаа и се удавија во базен длабок 1,5 метри
Тројца тинејџери загинаа во јужна Франција откако нивниот автомобил излетал од патот, се забил во ѕид и се превртел во приватен базен, при што останале заробени.
Возилото било речиси со иста големина како базенот, а тројцата тинејџери, на возраст од 14, 15 и 19 години, не можеле да ја отворат вратата и се удавиле. Несреќата се случила во градот Алес во вторник вечерта.
„Вистински е ужас. Тие не починале од ударот. Се нашле наопаку во ледената вода, неспособни да излезат. Немале никаква шанса“, изјави јавниот обвинител Абделкрим Грини. Според неофицијални информации, најмладиот од нив наводно го возел автомобилот во времето на несреќата.
🚗⚡️ Leur voiture s’encastre dans une piscine : trois jeunes de 14 à 19 ans tués dans un dramatique accident dans le Gard. Des bouteilles de gaz hilarant se trouvaient dans l’habitacle. #JT20h pic.twitter.com/2lWrfYyU6V
— Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) December 3, 2025
Обвинителот за АФП изјави дека станува збор за „неверојатна низа околности“, истакнувајќи дека несреќата се случила во ноќ со силен дожд.
Тој опиша како автомобилот се удрил во низок ѕид од градината, се превртел и слетал во базенот. Пожарникарите биле повикани да го испумпаат базенот и да го извлечат возилото. BFMTV објави дека базенот бил длабок околу еден и пол метар. Снимките од местото на настанот покажале приватен базен покрај урнатиот ѕид.
Според француските медиуми, во автомобилот биле пронајдени шишиња со азотен оксид, супстанца што рекреативните корисници ја вдишуваат за да се чувствуваат опуштено, вртоглаво или еуфорично. Отворена е истрага за причината за смртта, а телата на младите луѓе се однесени во форензички институт на обдукција, според АФП.
Свет
Медведев: Конфискацијата на замрзнатите средства од страна на ЕУ може да биде оправдување за војна
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека ако Европската Унија преземе замрзнати руски средства, Москва би можела да го смета тоа за чин што ја оправдува војната.
„Ако лудата Европска Унија сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија под маската на таканаречен заем за репарации, Русија би можела да го смета овој потег за casus belli со сите релевантни импликации за Брисел и поединечните земји од ЕУ“, рече Медведев.
Европската комисија вчера предложи без преседан начин на користење на замрзнатите руски средства или меѓународно задолжување за да се соберат 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина за покривање на нејзините нестабилни воени и основни услуги.
фото/ЕПА

