Свет
Цемин поднесе оставка на функцијата претседател на воената комисија
Поранешниот кинески лидер Џијан Цемин денеска поднесе и официјално оставка на функцијата претседател на Централната воена комисија, соопшти кинеската агенција Синхуа.
Поранешниот кинески лидер Џијан Цемин денеска поднесе и официјално оставка на функцијата претседател на Централната воена комисија, соопшти кинеската агенција Синхуа. Оставката на 78-годишниот Цемин ја отвара можноста за избор на кинескиот претседател Ху Џинтао на местото шеф на Централната воена комисија. Тој оваа формална функција веќе ја извршува во воената комисија на Комунистичката партија./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американски авион со илегални мигранти пристигна во Гвантанамо
Американското Министерство за одбрана соопшти дека во поморската база Гвантанамо пристигнал авион со илегални мигранти, осомничени дека се членови на групата „”Tren de Aragua“, пренесува Anadolu.
Пентагон, според написите, преку писмено соопштение го детализираше процесот на префрлање илегални мигранти во заливот Гвантанамо, во кое се потврдува дека во поморската база пристигнал авион со десет мигранти.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги депортира мигрантите во поморската база Гвантанамо на Куба, изјави во вторникот американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
„Претседателот Доналд Трамп беше многу јасен: Заливот Гвантанамо ќе го има најлошото од најлошото. Започнува денес“, рече Ноем, споделувајќи слики од мигранти со лисици.
Минатата недела Трамп нареди изградба на центар за притвор за мигранти во Гвантанамо за да се сместат до 30.000 криминални мигранти кои тој ги дефинира како „најлоши криминални илегални вонземјани кои му се закануваат на американскиот народ“, пренесува медиумот.
„Некои од нив се толку лоши што не ни веруваме дека земјите ќе ги задржат, бидејќи не сакаме да се вратат“, рече тој.
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.