Свет
Сомнителните кеси заразија двајца пациенти
Според извори во Државна болница на Клиниката за хематологија е згрижена 40-годишна битолчанка со хемолиза (разградување на крвта), болест што ја добила откако примила крв чувана во кесите на “Бакстер
СЛУЧАЈОТ СО БИТОЛСКИТЕ РЕЗЕРВИ КРВ СЕ ИСКОМПЛИЦИРА ВО СКОПЈЕ
Според извори во Државна болница на Клиниката за хематологија е згрижена 40-годишна битолчанка со хемолиза (разградување на крвта), болест што ја добила откако примила крв чувана во кесите на “Бакстер”, додека во Прилеп се лекува пациент со иста дија
Двајца пациенти се заболени откако примиле крв чувана во кесите “Бакстер”, кои пред една недела беа повлечени, па повторно пуштени во употреба во болниците во Битола и Прилеп. 40-годишна битолчанка е донесена во Скопје со дијагностицирана хемолиза, додека другиот пациент се лекува во Прилеп од истото заболување. Тоа е болест која ја разградува крвта на пациентот.
Според извори во Државна болница, жената на Клиниката за хематологија е донесена пред две недели како итен случај, откако во Битола лекарите утврдиле дека има разградување на крвта. Според нив, болеста била тешка реакција на неправилно чуваната крв. Таа во Скопје, како што стои во медицинската докуменатција е донесена со витално загрозено здравје, поради што и е определен специјален третман.
За да и го спасат животот лекарите морале да нарачуваат посебни скапи лекови од странство. Лекарите од Клиниката за хематологија убедуваат дека пациентката се опоравува, но не прецизираат какви ќе бидат последиците по нејзиното здравје.
Болеста и кај двајцата пациенти била откриена непосредно по јавното обелоденување на информацијата дека кесите за чување крв во медицинскиот центар во Битола се наводно неисправни, поради лошо складирање.
Случајот беше откриен пред 14 дена кога хирург одби да оперира пациент во Битола затоа што му биле сомнителни кесите за чување крв. На барање на лекарите во болницата кесите на “Бакстер” кои ги дистрибуира веледрогеријата “Зегин” беа повлечени од употреба и подложени на испитувања за исправност. Анализите покажаа дека кесите се исправни и безбедни за користење. Но, и натаму трансфузилошките центри и во Битола и во Прилеп одбиваат да складираат крв во овие кеси.
Неофицијални извори од битолската болница велат дека и покрај анализите лекарите и натаму се сомневаат во квалитетот на кесите од причина што во нивната досегашна пракса ниту една кеса за крв не била без датум и рок на употреба, напротив задолжително на секоја имало печат до кога може да се користат. Дотолку повеќе што овие кеси се трослојни, а не четирислојни како што секаде се користат. Од прилепската болница никој не сака да зборува за пациентот со хемолиза, ниту да каже каква е неговата здравствена состојба. Прилепскиот центар ги повлече кесите на “Зегин”, ден по откривањето на случајот во Битола.
А.Стојановска ***
Зегин со фен го тестирал квалитетот на кесите за крв
Газдата на “Зегин” Благоја Механџиски по откривањето на случајот дошол во Битола и пред лекарите правел сопствен тест за издржливоста на неговите кеси. Тој земал фен и почнал да ги дува кесите со дарувана крв на битолчани, за да покаже колку можат да издржат топлина. На тоа изреагирале неколку лекари, кој го потсетиле Механџиски дека не треба да си игра со крв што некој ја дарувал за да спаси живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

