Свет
Американски војници отвориле оган врз италијанска новинарка
Близок пријател на италијанска новинарка Џулијана Сгрена тврди дека американските војници сакале намерно да ја убијат додека со својот автомобил патувала кон аеродромот во Багдад.
Близок пријател на италијанска новинарка Џулијана Сгрена тврди дека американските војници сакале намерно да ја убијат додека со својот автомобил патувала кон аеродромот во Багдад. Пиер Сколари, како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, изјавил дека Сгрена подготвувала репортажа за бегалците од Фалуџа, кои се засолниле во една џамија во Багдад, бегајќи подалеку од бомбардирањето на американските сили. Врз автомобилот со кој патуваше италијанската новинарка кон аеродромот во Багдад американските војници отворилеа оган, при што новинарката беше ранета, додека главниот раководител на италијанските специјални сили Никола Калипари беше убиен. Сколари тврди дека Американците биле предупредени за минувањето на автомобилот, но дека повторно припукале. Американската војска соопшти дека војниците испукале предупредувачки истрел во воздух, за да го принудат возачот што возел со голема брзина да ја намали брзината. Денеска и американскиот претседател Џорџ Буш изрази жалење на италијанскиот премиер Силвио Берлускони за немилиот настан. Сгрена беше грабната во Ирак на 4 февруари и во видео изјава за арапските медиуми ги повик меѓународните сили да се повлечат од оваа земја. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

