Свет
Ќе се лекува кој прв ќе стигне
Болните од рак, пациентите со леукемија и сите оние кое се лекуваат од други малигни заболувања ќе останат без лекови.
СУРОВИ РЕФОРМИ
Според проектираниот буџет за догодина на најголемата здравствена установа во земјава – Клиничкиот центар ќе нема пари за потребните операции, па на хируршки стол ќе легне само оној што ќе го фати редот, што значи дека дека интервенции без пари ќе до
Болните од рак, пациентите со леукемија и сите оние кое се лекуваат од други малигни заболувања ќе останат без лекови. Пари ќе нема ниту за потребните операции, па на хируршки стол ќе легне само оној што ќе го фати редот. Тоа значи дека интервенции без пари ќе добијат само оние осигуреници кои, за жал, ќе се разболат меѓу првите, додека државата дава пари. Така на пример на Клиниката за очни болести за догодина е предвидено, согласно парите што ќе ги добие болницата, да може да се направат само 15 операции на перде. Оној пациент кој ќе стигне 16 ќе мора сам да си плати или за да помине само со плаќање партиципација ќе треба да ја чека наредната година.
Според проектираниот буџет за догодина на најголемата здравствена установа во земјава – Клиничкиот центар пари едвам ќе има за плати на вработените, тешко дека ќе се купат и основните лекарства, а за некаква инвестиција или реконструкција и не станува збор. Државна за некој месец ќе треба на сите 30-тина клиники да им подели за 2006 година околу 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Со тие средства болниците ќе треба да исплаќаат плати на вработените, да купуваат лекови, потрошен медицински материјал, да применуваат најмодерни техники на операции.
” Проекторите на новиот , во споредба со овогодинешниот го намалиле буџетот за најмалку 30 проценти. Тоа е ужас, ако се земе в предвид дека и овие пари едвам стасуваа за основните потреби. Буџетот за 2006 година е правен без никаква претходна анализа или контрола на теренот. Зборуваат дека го зеле просекот од 2004 година, што е бесмислено, оти таа година е нереална, од причина што она што го бараа клиниките никогаш не го добиваа и работеа само со половина од потребното. Сега кога и тоа е скратено, кој знае што ќе се случува по ходниците на Државна”, коментираат лекари од Клиничкиот центар.
Паника за намалување на парите веќе почнала да ги фаќа голем дел од лекарите по болниците, кои за да се спремат за новите услови веќе добиле упатства за враќање пациенти.
„ Добивме упатства за селективно однесување кон болните. Тоа значи дека лекарот, односно медицинското лице има право од амбуланта да врати пациент со полесна дијагноза. Доколку лекарот оцени дека за таа болест може да се погрижи и друг негов колега од понизок ранг, тогаш слободно може да не го прими болниот на преглед. Не фаќа страв како на тоа ќе реагираат сите, но посебно пациентите од внатрешноста кои спасот го гледаат тука, кај нас. Секој ден очекуваме некој инцидент со некој револтиран пациент”, велат вработените од Очната клиника.
Во оваа болница во моментов нема обични капки за очи, на Хирургија нема завои и конци, во клиничките лаборатории одамна не се прават над 80 отсто од неопходните анализи…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

