Свет
Конкурсот за учебници беше наместен!
Виолета Ачкоска, професорка на Институтот за историја на Философскиот факултет и долгогодишен автор на учебници, смета дека конкурсот за новите учебници по историја бил пробиен и дека поради огромни слабости во учебникарството, македонската историја се наоѓа „ни на небо, ни на земја“.
Мери Јордановска
Виолета Ачкоска, професорка на Институтот за историја на Философскиот факултет и долгогодишен автор на учебници, смета дека конкурсот за новите учебници по историја бил пробиен и дека поради огромни слабости во учебникарството, македонската историја се наоѓа „ни на небо, ни на земја“.
Ачкоска беше член на комисијата што ги подготвуваше наставните програми и е автор на учебниците по историја за седмо одделение и за четврта година реформирано гимназиско образование. Таа вели дека нема никаква желба понатаму да биде член на комисијата, бидејќи нејзините членови толку често се менуваат, што станува бесмислено. Освен тоа, во некои од учебниците се промовира неквалитет и со тоа, како што вели, самите си ја деградираме историјата.
* Велите дека конкурсот за новите учебници по историја бил пробиен. Зошто?
– Кога ги направивме новите наставни програми, министерот за образование Положани рече дека тим од реномирани експерти-историчари ќе ги подготвува новите учебници. Не свика на состанок, за да се договориме како ќе се подготвуваат учебниците. Потоа, на големо изненадување на сите, видовме дека е објавен анонимен конкурс. Кога ни ги кажаа резултатите од конкурсот, претседателката на комисијата ја извести јавноста дека им дале предност на учебниците што ги пишувале практичарите. Се прашувам, од каде знаеја дека авторите на учебникот за осмо одделение што добиле на конкурсот се практичари, кога тој беше анонимен? Освен тоа, најнеквалитетниот учебник за осмо беше рангиран на прво место, а половината автори не се историчари и немаат практика во наставата. Според тоа, јасно е дека конкурсот беше пробиен и однапред се знаеше кој учебник ќе добие.
* Дали се соочувавте со притисоци од надлежните додека ги подготвувавте учебниците по историја?
– Најголем проблем во подготовката беше тоа што имавме многу кратко време за да ги напишеме учебниците, па можеби затоа голем дел се импровизирани. Затоа, учебниците не можат да имаат добар квалитет како во другите земји, каде што еден учебник се пишува со години. Секој нов министер што ќе дојде си прави своја наставна програма како што ќе му текне. Со тоа си ја деградираме историјата и ја ставаме ни на небо ни на земја. Во нашите учебници Министерството и комисијата ни тргнаа повеќе фотографии што би можеле да предизвикаат негативни чувства. Така, во учебникот за четврта година ни тргнаа фотографии од холокаустот, кои беа во дидактичка целост со текстот. Во оној за седмо одделение, пак, добивме забелешка дека Даме Груев сме го спомнувале премногу често во учебникот – дури трипати!
* Во учебникот за четврта година реформирано гимназиско образование се споменуваат настани како бомбардирањето на НАТО врз Белград, косовската криза, спорот за името со Грција… Вашите колеги реагираат дека овие настани се уште немаат разврска, па затоа не може да се застапени во учебниците?
– Историјата за четврта година е изборен предмет, надвор од циклусот што завршува со трета година гимназија, па нашата замисла беше да се развие креативниот дух кај учениците. Тие низ дебати ќе треба да стекнат мислење за она што се случувало од 1945 до 2000 година. Тоа се вика мултиперспективност на современата историја. Знам дека на постарите наставници ќе им биде тешко да го предаваат периодот од 1991 година, бидејќи за нив тоа е нешто ново. Сепак, тие поминаа низ специјални семинари за тоа и се задоволни. Им го кажавме упатството како треба да предаваат, а главната цел е да се развие истражувачкиот дух кај учениците.
* Зошто се решивте да направите наставна програма по историја, каде што толку голем дел од учебниците ќе и биде посветен на историјата на Албанија?
– Досега не знаевме што и од кои учебници учат албанските паралелки. Случајно до раце ми дојде таков учебник по историја и се вчудовидов. Тоа беа учебници од Косово и од Албанија, полни со шовинизам. Затоа, прифативме да ја правиме новата програма, за да имаме контрола врз тоа што се учи. Тоа беше најсоодветно решение. Учениците-Македонци нема да бидат принудени да учат за историјата на Албанија. Сега сите ќе учат од исти учебници и така ќе ги доближиме учениците. Сепак, тоа не треба да се направи со толкување дека балистите се ослободители, туку со научен пристап кон сите личности и појави во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

