Свет
Брисел ќе не праша за нерешените корупциски скандали
На дводневната конференција, затворена за јавноста, учествуваат високи функционери од земјава и од странство, експерти, како и претставници на политички партии, на невладини организации и истражувачки центри
Конференција за евроинтегрирањето на Југоисточна Европа во Европската унија
На дводневната конференција, затворена за јавноста, учествуваат високи функционери од земјава и од странство, експерти, како и претставници на политички партии, на невладини организации и истражувачки центри. Организатори на конференција се Секторот за европски прашања на македонската Влада и „Вилтон парк”, британски Центар за анализа и промоција на главните политички текови во Европа
Слободанка Јовановска
Британскиот амбасадор Роберт Диксон, на отворањето на конференцијата за евроинтегрирањето на ЈИЕ во ЕУ, порача дека како земја-аспирант за членство Македонија мора да го реформира правосудството, да биде способна да организира слободни и фер избори и да воспостави функционално пазарно стопанство. Според него, проширувањето на Унијата ќе продолжи, но ЕУ нема да ги компромитира своите услови. „Македонија треба да направи практични чекори за пристапување кон Европската унија”, рече тој, додавајќи дека Брисел ќе ја праша Македонија колку случаи на корупција се завршени и како земјата се справува со неправилностите на изборите.
Ален Лероа, поранешниот специјален пратеник на ЕУ во Скопје, најави дека ќе лобира кај француската влада Македонија да добие позитивно мислење од Европската комисија бидејќи, според него, таа го заслужува тоа.
„Не сум член на Европската комисија и не можам да кажам какви ќе бидат нејзиниот извештај на 9 ноември и одлуката на Европскиот совет на 15 декември.Но, мое лично мислење е дека Македонија заслужува да бидеиnbsp; дел од ЕУ. Ние баравме и бараме многу од вас, во минатото и сега, но јас можам да посведочам дека Македонија стори многуиnbsp; за да ги достигне европските стандарди.Целиот тој прогресиnbsp; покажува дека Македонија го заслужува тоа многу јасно, но треба да продолжите, исто така, и со реформите”,изјави Лероа, оценувајќи се себеси компетентен да даде ваква препорака, бидејќи лично знае каква била состојбата претходно и каква е сега во Македонија, што егзалтирано ја нарече свој втор дом.Претседателот на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, пак, изјави декаиnbsp; Македонија сў уште не успеала да ја продаде својата успешна приказна, иако е во пресрет на мислењето од Брисел за статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ.
“Треба да се убеди европската јавноста дека се носи голема одлука за Македонија. Охридскиот договор е дел од таа успешна приказна, но таа уште не е продадена”, изјави тој, додавајќи декаиnbsp; Македонија е следната важна точка на дневниот ред на ЕУ по Турција. Спикерот на парламентот, Љупчо Јордановски, рече дека е јасно овде дека во процесот на пристапување кон ЕУ нема стекнати, туку само добро одработени позиции, а Македонија ги одработила новата територијална организација, Законот за употреба на симболите, Законот за референдум, почеток на имплементирање на законите за децентрализација и други реформи.
„Некој вели дека сме експеримент. Јас велам нека сме експеримент, но за новата, обединета Европа од судбинско значење е тој експеримент да успее”, оцени Јордановски на отворањето на конференцијата.
На дводневната конференција, затворена за јавноста, учествуваат високи функционери од земјава и од странство, експерти, како и претставници на политички партии, на невладини организации и истражувачки центри. Организатори на конференција се Секторот за европски прашања на македонската Влада и „Вилтон парк”, британски Центар за анализа и промоција на главните политички текови во Европа, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

