Свет
Околу 150 препарати и натаму ќе останат недостапни за пациентите
За толку лекови немало понуда од ниедна фармацевтска куќа, додека за уште 100 препарати тендерот ќе се повтори, зашто имало само една понуда и не може да се направи избор
Меѓународниот тендер за лекови во практика ќе заживее во април
За толку лекови немало понуда од ниедна фармацевтска куќа, додека за уште 100 препарати тендерот ќе се повтори, зашто имало само една понуда и не може да се направи избор
ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА
Од околу 730 лека колку што беа на списокот на меѓународниот тендер, речиси 150 лека од позитивната листа ќе останат недостапни за осигурениците. Пациентите овие препарати не ќе може да ги подигнат во државните аптеки од април, кога практично треба да заживее постапката која е во фаза на дистрибуција на ранг-листите на снабдувачите. Причината за принудното скратување на позитивната листа, како што објасни директорот на Фондот за здравствено осигурување, проф.д-р Никола Пановски, е што на тендерот, кој иако е со меѓународно учество, за овие лекови никој од фармацевтските куќи и веледрогерии не доставил понуда.
За нив, додаде тој, ќе се распишува нов тендер.
Повторување на тендерот ќе има и за уште 70 препарати, за кои на меѓународниот тендер имало само една понуда. Со оглед дека за овие лекови во земјава се регистрирани препарати на неколку фармацевтски куќи, но не се знае од кои причини не конкурирале, не може да се направи избор на најповолен понудувач. Законот не дозволува непосредна спогодба и ќе се оди на нова лицитација. Првиот фондовец не прецизира за кои лекови точно станува збор. За да не се создаде вакуум во достапноста за овој вид препарати, Пановски вели дека ќе бидат продолжени договорите од стариот тендер.
Слична ситуација има и за уште 100 други лека. За овие ставки од тендерот конкурирала само по една фирма што единствено го има регистрирано препаратот во нашава земја. За овие лекови Фондот ќе склучи непосредна спогодба со фирмите и очекува уште едно намалување на цените.
Се проценува дека со меѓународниот тендер ќе се оствари заштеда од околу 31 отсто, или околу 8,5 милиони евра. Еден дел од овие средства ќе се пренасочи за зголемување на количествата на лековите од позитивната листа, а другиот ќе се намени за други трошоци, појаснува Пановски.
Тендерот, инаку, †тежиии околу 60 милиони евра и за него се бореа околу триесетина фирми од земјава и од странство. Некои од нив првпат се јавуваат на македонскиот фармацевтски пазар, како од Грција, Кипар, Босна и Херцеговина итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.