Свет
Чешка: Можен е заеднички став на ЕУ за Гвантанамо
Можен е заеднички став на Европската унија (ЕУ) околу прифаќањето на затвореници од американската база Гвантанамо на Куба
Можен е заеднички став на Европската унија (ЕУ) околу прифаќањето на затвореници од американската база Гвантанамо на Куба, која што американскиот претседател Брак Обама сака да ја затвори.
Ова го изјави чешкиот министер за внатрешни работи Иван Лангер, чија што земја претседава со ЕУ. Тој посочи дека ниту една држава нема да биде натерана да прифати некого, а од друга страна мора да се знае која држава кого примила.
Оваа изјава Лангер ја даде пред почетокот на дводневниот состанок во Брисел на министрите за внатрешни работи на ЕУ. Една од главните теми на состанокот е всушност прашањето за прифаќање на обвинетите за тероризам, кои САД ги држат во базата Гвантанамо.
„Мислам дека ќе се сложиме оти прво мораме да утврдиме што САД очекуваат и бараат од нас“, рече Лангер.
САД досега официјално не побарале од европските сојузници да примат некои од затворениците од Гвантанамо, на кои во родните земји им се заканува прогонување и смрт затоа што би биле ослободени. Но, по неофицијални консултации со Вашингтон, некои од земјите членки на ЕУ изразија подготвеност да ги примат затворениците.
Чешка не спаѓа меѓу тие држави, а шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг на почетокот од оваа година рече дека Американците сами ги уапсиле тие затвореници, поради што треба сами да се погрижат за нив./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.