Свет
САД планира буџетски дефицит од 1 750 млрд. долари
Дефицит од рекордни 1 750 милијарди долари за фискалната 2010 година, се очекува да прогнозира американскиот претседател Барак Обама.
Дефицит од рекордни 1 750 милијарди долари за фискалната 2010 година, се очекува да прогнозира американскиот претседател Барак Обама.
Според анонимни американски владини претставници, пред објавувањето на предлог буџетот за фискалната 2010 која почнува на први октомври 2009 година, огромните трошоци за целите на Обама, ќе бидат делумно надокнадени преку кратење на земјоделските субвенции, како и намалување на трошоците за останати области.
Ваквиот огромен дефицит, би изнесувал 12,3 проценти од Бруто домашниот производ (БДП) на САД, што е најголемо ниво по Втората светска војна.
Обама претходно вети дека за четири години ќе го преполови дефицитот, односно дека во 2013 година ќе го намали на 533 милијарди долари, што е три проценти од американскиот БДП. /крај/б92/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.