Контакт

Свет

Европските либерали за ширењето на ЕУ на западен Балкан

Објавено пред

Дводневен состанок на Бирото на пратеничката група на либералите и демократите во Европскиот парламент се одржува од денеска на Блед, во Словенија.

dobivaj vesti na viber

Дводневен состанок на Бирото на пратеничката група на либералите и демократите во Европскиот парламент се одржува од денеска на Блед, во Словенија.

На состанокот ќе присуствуваат и претставници на либералните партии од западен Балкан, а своето учество го потврдил и еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Домаќин на средбата ќе биде европскиот пратеник од Словенија Јелко Кацин.

Централна тема на собирот ќе биде ширење на Европската унија на земјите од западен Балкан. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во парламентот

Објавено пред

Предлогот за гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзината Комисија не помина во Европскиот парламент во Стразбур.

dobivaj vesti na viber

Фон дер Лајен и Европската комисија преживеаа гласање за недоверба, при што 175 пратеници гласаа за предлогот, 360 беа против, додека 18 беа воздржани, според медиумите.

Бројот на гласови „за“ беше далеку под потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број гласови за предлогот да биде усвоен.

Урсула фон дер Лајен не беше присутна во салата за време на гласањето.

Групата на социјалисти и демократи (С&Д) во замена за својата поддршка доби ветување во врска со следниот долгорочен буџет на ЕУ, а ова ветување ќе биде ставено на тест веќе следната недела кога Комисијата ќе го објави својот предлог, според написите.

Десничарските групи „Патриоти за Европа“, „Европа на суверени нации“, како и многумина од „европските конзервативци и реформисти“ и неколку делегации од левата страна на политичкиот спектар гласаа за предлогот за недоверба.

Прикажи повеќе...

Регион

(Фото) 56 пожари избувнаа во Грција за 24 часа

Објавено пред

Грчките власти соопштија дека десетици шумски пожари избувнале во цела Грција во последните 24 часа, а пожарникарите ставија под контрола голем пожар северно од Атина откога се бореа со него во текот на ноќта.

dobivaj vesti na viber

Firefighters battle a wildfire that broke out near the village of Asprochori in the region of Oropos, East Attica, Greece, 09 July 2025, leading to the evacuation of residents. A total of 140 firefighters with 5 rough terrain teams, 39 fire trucks, and many volunteers are fighting the fire. Until sunset, 13 airplanes and 8 helicopters were also at the site. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Пожарот, кој избувна во регионот Оропос, на 60-ина километри од главниот град, беше ставен под контрола по неколкучасовна борба. Дополнителни 55 шумски пожари избувнале во целата земја во последните 24 часа, според портпаролот на синдикатот на пожарникарите, Костас Цигас.

A firefighter battles a wildfire that broke out near the village of Asprochori in the region of Oropos, East Attica, Greece, 09 July 2025, leading to the evacuation of residents. A total of 140 firefighters with 5 rough terrain teams, 39 fire trucks, and many volunteers are fighting the fire. Until sunset, 13 airplanes and 8 helicopters were also at the site. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

„Со дневна светлина и помош на противпожарни хеликоптери треба бргу да ги изгаснеме преостанатите жаришта пред да се засилат силните ветрови подоцна денес“, изјави Цигас за грчкото државно радио.

A firefighting airplane battles a wildfire that broke out near the village of Asprochori in the region of Oropos, East Attica, Greece, 09 July 2025, leading to the evacuation of residents. A total of 140 firefighters with 5 rough terrain teams, 39 fire trucks, and many volunteers are fighting the fire. Until sunset, 13 airplanes and 8 helicopters were also at the site. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Уште еден пожар избувна на туристичкиот остров Тасос, каде што хотел беше евакуиран како мерка на претпазливост поради густ чад. Делови од островот исто така доживеаја прекини во електричната енергија, иако пожарот подоцна беше ставен под контрола, соопшти противпожарната служба.

Volunteers battle a wildfire that broke out near the village of Asprochori in the region of Oropos, East Attica, Greece, 09 July 2025, leading to the evacuation of residents. A total of 140 firefighters with 5 rough terrain teams, 39 fire trucks, and many volunteers are fighting the fire. Until sunset, 13 airplanes and 8 helicopters were also at the site. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Агенцијата за цивилна заштита издаде нови предупредувања велејќи дека силните ветрови и продолжената суша значат дека дури и малите пожари би можеле бргу да се прошират надвор од контрола. Големи делови од Грција остануваат на второ највисоко ниво на ризик од пожар, според најновата мапа на опасност од пожари.

A firefighter battles a wildfire that broke out near the village of Asprochori in the region of Oropos, East Attica, Greece, 09 July 2025, leading to the evacuation of residents. A total of 140 firefighters with 5 rough terrain teams, 39 fire trucks, and many volunteers are fighting the fire. Until sunset, 13 airplanes and 8 helicopters were also at the site. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Прикажи повеќе...

Свет

Кинески воен брод со ласер таргетирал германски авион

Објавено пред

Германија го повика кинескиот амбасадор во Берлин на разговори кога беше објавено дека кинески воен брод таргетирал германски извидувачки авион со ласер во Црвеното Море.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на почетокот на јули за време на рутински лет како дел од мисијата на Европската Унија наречена ASPIDES, а германските власти го опишаа како сериозно нарушување на безбедноста, објави Си-ен-ен.

Авионот на германските вооружени сили, опремен со повеќенаменска сензорска платформа (MSP) за извидување, бил на мисија за заштита на морските патишта кога кинескиот брод го таргетирал со ласер без претходна комуникација. Летот бил прекинат како мерка на претпазливост, а авионот безбедно слета во база во Џибути.

„Со користење ласер воениот брод ја загрозил безбедноста на персоналот, но и опремата“, изјави портпарол на Министерството за одбрана.

„Загрозувањето на германскиот персонал и нарушувањето на мисијата е целосно неприфатливо“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, кое веднаш реагира со повикување на кинескиот амбасадор. Кинеските власти сè уште не го коментираа инцидентот.

И покрај инцидентот, германскиот систем MSP е прераспореден и ја продолжува својата мисија. Германското Министерство за одбрана нагласува дека собраните податоци значително придонесуваат за безбедносната свест на сојузничките партнери во регионот.

Инциденти како овој, во кои е вклучена членка на НАТО, се многу ретки. Последниот познат случај се случил во 2020 година кога кинески брод наводно таргетирал американски авион со ласер над западен Пацифик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена...

Македонија2 часа

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и да опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед,...

Македонија4 часа

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден...

Македонија4 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија4 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија4 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт5 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет6 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа7 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија7 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија16 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија17 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија19 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија20 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија20 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија23 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија23 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија23 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија1 ден

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....