Свет
Снежни бури во САД

Соединетите Американски Држави веќе два дена се зафатени од снежна бура поради која не функционира дел од воздушниот и копнениот сообраќај, а затворе
Соединетите Американски Држави веќе два дена се зафатени од снежна бура поради која не функционира дел од воздушниот и копнениот сообраќај, а затворени се и голем дел од училиштата.
Во североисточниот дел од земјата се регистрирани и до 30 сантиметри снег, соопштија националните метеоролошки служби.
Најголеми врнежи од снег се регистрирани во Масечусетс, Род Ајленд и Конетикат, каде има и проблеми со снабдувањето со електрична енергија. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ: Царината од 30 проценти ја оневозможува трговијата, ние сакаме договор

Царината од 30 проценти практично ја оневозможува трговијата меѓу ЕУ и САД, а Европската комисија е убедена дека договореното решение е најдобро за двете страни на Атлантикот, изјави денес европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ.
„Да бидеме искрени, идејата за царина од 30 проценти всушност ја оневозможува трговијата. Остануваме убедени дека нашите трансатлантски односи заслужуваат договорено решение, кое ќе ги постави темелите за стабилност и обновена соработка“, рече Шефчовиќ пред почетокот на состанокот на министрите за трговија на ЕУ. Данското претседателство свика вонреден министерски состанок за да се фокусира на објавувањето на американските царини од 30 проценти за увоз од Европската Унија.
Шефчовиќ рече дека Комисијата ќе продолжи со напорите за постигнување договор со Соединетите Американски Држави, додека ќе подготвува можни контрамерки доколку разговорите не успеат.
„Не можам да замислам да се откажам без да вложам вистински напор. Сегашната неизвесност предизвикана од неоправданите царини не може да трае бесконечно и затоа мора да се подготвиме за сите исходи, вклучително и, доколку е потребно, добро осмислени и пропорционални контрамерки за враќање на рамнотежата во нашите трансатлантски односи“, рече Шефчовиќ.
Комесарот изрази жалење поради новата закана со царини во време кога двете страни изгледаа блиску до договорено решение. „Со жалење и разочарување го зедовме предвид писмото од претседателот на Соединетите Американски Држави до Европската Унија, особено со оглед на напредната фаза во тековните преговори“, рече комесарот.
Соединетите Американски Држави и Европската Унија се најголемите трговски партнери во светот, со обем на трговија од 1,45 трилиони евра. „Затоа покажуваме огромно трпение и креативност за да најдеме решенија. Но, ако царините од 30 проценти и повеќе останат, трговијата каква што ја знаеме нема да продолжи, што ќе има огромни негативни последици од двете страни на Атлантикот“, рече Шефчовиќ.
Свет
Маск: Не го поддржувам спојувањето на „Тесла“ и „Икс ВИ“

Илон Маск изјави дека не поддржува спојување на неговата компанија за вештачка интелигенција „Икс ВИ“ со производителот на електрични возила „Тесла“ додека се зголемуваат прашањата за идниот однос на двете компании.
На социјалната мрежа „Икс“ профилот @BullStreetBets_ постави отворено прашање до инвеститорите во „Тесла“ за тоа дали го поддржуваат спојувањето помеѓу „Тесла“ и „Икс ВИ“. На што Маск одговори: „Не“.
No
— Elon Musk (@elonmusk) July 14, 2025
Изјавата доаѓа во време кога технолошкиот милијардер размислува за идниот однос меѓу неговите многубројни компании.
Преку ноќ Маск објави дека „Тесла“ ќе одржи гласање на акционерите во одреден момент за тоа дали компанијата треба да инвестира во „Икс ВИ“, компанијата што го развива контроверзниот четбот со вештачка интелигенција „Грок“.
Минатата година Маск спроведе анкета меѓу своите следбеници на платформата „Икс“ прашувајќи дали „Тесла“ треба да инвестира 5 милијарди долари во „Икс ВИ“. Мнозинството гласаше „за“.
Маск веќе некое време се обидува да ги поврзе своите компании. Во март тој објави дека „Икс ВИ“ и социјалната мрежа „Икс“ се спојуваат во договор што ја проценува „Икс ВИ“ на 80 милијарди долари, а „Икс“ на 33 милијарди долари.
Минатата недела Маск објави и дека четботот „Грок“ ќе биде достапен во возилата на „Тесла“. Четботот неодамна предизвика остри критики откога го пофали Адолф Хитлер и даде серија антисемитски коментари.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Неизбежното прашање е што точно пуши Нетанјаху?

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го критикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи исмејувајќи го за неговите барања. Неговите коментари дојдоа откога Нетанјаху изјави дека Иран не треба да произведува ракети со дострел поголем од 480 километри.
„Нетанјаху вети победа во Газа пред речиси две години. Крајниот резултат: соочување со налог за апсење за воени злосторства и 200.000 нови регрути на Хамас. Во Иран тој сонуваше да избрише повеќе од 40 години мирни нуклеарни достигнувања.
Крајниот резултат: секој од дванаесетте ирански академици што ги убија неговите платеници обучи повеќе од 100 способни студенти. Тие ќе му покажат на Нетанјаху за што се способни“, напиша тој на X.
„Но, неговата ароганција не запира тука. Откога мизерно не успеа да постигне ниедна од своите воени цели во Иран и откога беше принуден да избега од ‘татичко’ кога нашите моќни ракети ги срамнија со земја тајните локации на израелскиот режим, што Нетанјаху сè уште ги крие, тој отворено диктира што треба или не треба да кажат или да направат САД во разговорите со Иран.
Надвор од фарсата дека Иран ќе прифати сè што баран воен злосторник има да каже, се поставува неизбежното прашање: што точно пуши Нетанјаху? И ако ништо друго, што точно Мосад има за Белата куќа?“ прашува тој, пренесуваат медиумите.