Свет
Ирската група U2 привремено доби улица во Њујорк
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг привремено именуваше една улица на Менхетен во чест на ирската рок група U2.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг привремено именуваше една улица на Менхетен во чест на ирската рок група U2.
Во знак на обележување на новиот албум на групата и нивното појавување на телевизијата CBS во шоуто на Дејвид Летерман, дел од 53 улица во Мидтаун на Менхетен, каде се снима шоуто, е наречена Улица U2.
Дел од 53 улица меѓу Бродвеј и Осмата авенија ќе го носи името на ирската група една седмица, рече Блумберг.
„Секој во овој град, како и јас, четврорицата Ирци ги смета за почесни граѓани на Њујорк“, додаде градоначалникот.
Новиот албум на U2 насловен „No Line On The Horizon“, е прв студиски албум на групата во последните четири години, а се очекува да биде најпродаван албум во 2009 година./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

