Свет
Девет луѓе исчезнаа при уривање на зграда во Келн
Најмалку девет луѓе се водат за исчезнати откако денеска се урнаа зградата на историскиот архив на Келн и соседниот станбен блок
Најмалку девет луѓе се водат за исчезнати откако денеска се урнаа зградата на историскиот архив на Келн и соседниот станбен блок, официјално е соопштено.
Пожарникарите со помош на кучиња ги пребаруваат урнатините. Очевидци тврдат дека едно семејство било забележано на прозорец од станот, кога зградата се уривала. Има индикации дека и седум други лица се исчезнати.
Четирикатната зграда, била евакуирана непосредно пред да се урне. Раководителот на градската противпожарна служба, Штефан Нојхоф соопшти дека нема повредени и оти евакуацијата започнала веднаш откако се слушнале чудни звуци од зградата.
На местото на несреќата има околу 250 спасувачи, како и околу 86 возила на противпожарната служба.
Архивот на Келн содржи 65 илјади оригинални документи што датираат уште од 922 година, како и карти, филмови и снимки./крај/бг/цнн/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

