Свет
Цените на недвижностите забрзано паѓаат
Падот на цените на пазарите на недвижности низ целиот свет се забрза кон крајот на минатата година, а негативниот тренд ќе продолжи и годинава
Падот на цените на пазарите на недвижности низ целиот свет се забрза кон крајот на минатата година, а негативниот тренд ќе продолжи и годинава.
Ова се наведува во извештајот на Global Property Guide, додавајќи дека само Швајцарија и Германија лани имале позитивен растеж на цените на недвижностите, а во останатите 28 анализирани земји тие повеќе или помалку се намалувале.
Најголем пад на цените на недвижностите лани е забележан во Латвија и тоа за 37 насто, па следуваат Литванија (27 проценти), САД (20 насто), Велика Британија (18 насто), Исланд (16), Ирска (12) и Украина (12 проценти).
Цените на недвижностите лани забележале најголем пад во последниот квартал, што укажува дека состојбата се влошува и се очекува намалувањето на цените да продолжи.
Само во последниот квартал од 2008 година во девет земји е забележано опаѓање на цените на недвижностите од најмалку пет насто. Тука се Латвија (15 проценти), Хонг Конг (15 насто), Украина (13 насто), Обединетите Арапски Емирати (8 проценти), Литванија (7), Сингапур (6), Бугарија (5) и Велика Британија (5).
Искуството покажува дека по период на нагло опаѓање на цените на недвижностите треба да минат низа година од кулминацијата до целосното закрепнување, се наведува во извештајот на Global Property Guide./крај/со/мп/е
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

