Свет
Снимен танцот на две црни дупки
Научниците ги пронашле досега најдобрите докази за „танц“ на две црни дупки, кои орбитираат една околу друга во рамки на иста галаксија.
Научниците ги пронашле досега најдобрите докази за „танц“ на две црни дупки, кои орбитираат една околу друга во рамки на иста галаксија.
Иако научниците и претходно нагаѓаа дека таков феномен постои во вселената, тој досега никогаш не беше забележан.
Двете црни дупки или таканаречениот „бинарен состав“ орбитираат една околу друга на значително помала оддалеченост од онаа за која научниците претпоставуваа.
Ова откритие, што е објавено во списанието „Нејчр“(Nature), е спротивно на теоријата на ширење на галаксиите, која вели дека во секоја од нив се наоѓа по една црна дупка во самиот нејзин центар.
Истата теорија тврди дека галаксиите се доближуваат една до друга, нивните централни црни дупки орбитираат една околу друга, сè додека не се спојат во нова црна дупка, но досега доказите за оваа теорија беа исклучително сиромашни.
Како што материјата паѓа во црната дупка, така таа емитира карактеристична боја, која за возврат на научниците им дава информации со чија помош можат да утврдат во која насока таа црна дупка се движи. Бидејќи тука станува збор за две црни дупки во орбита една околу друга, научниците тврдат дека треба да постојат два зрака со различна нијанса бои.
Двајцата научници Тод Боросон и Тод Лауер, кои ги откриле танцувачките црни дупки, анализирале околу 17.500 бои на небото и откриле таков пар во далечниот квазар, со помош на опсерваторијата во Апаш Поинт во Ново Мексико. Тие проценуваат дека двата извора на светлина доаѓаат од црните дупки, една што е 20 милиони пати потешка од нашето Сонце и втората што е дури милијарда пати потешка од Сонцето.
Оддалеченоста меѓу нив се проценува дека е само една третина од светлосната година, што за поимите на црните дупки практично е „образ до образ“. Исто така, научниците претпоставуваат дека овие црни дупки танцуваат една околу друга секои 100 години.
Според Ајнштановата теорија, таков систем би можел да предизвика ефект наречен гравитациона радијација. Космолозите треба да откријат за директното влијание на овој ефект, но се верува дека ова зрачење всушност создава мешање во просторот и времето, слично на круговите во водата, но тие при ширењето не губат на интензитетот, насоката и фреквенцијата. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп привремено го затвора Центарот Кенеди: „Ќе изградиме глобален бастион на уметноста“
Американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за привремено затворање на Центарот Кенеди во Вашингтон за голема реконструкција, два месеци откако предизвика контроверзии со додавањето на своето име на културната знаменитост.
Трамп изјави на својата платформа Truth Social дека „Центарот Трамп Кенеди“ ќе се затвори во јули за околу две години. Тој рече дека реновирањето ќе го трансформира центарот во „бастион од светска класа на уметност, музика и забава“.
Владата на САД повеќе пати повтори дека комплексот на Центарот Кенеди, кој се наоѓа на реката Потомак, има потреба од поправки и модернизација.
Центарот Кенеди е домаќин на театарски, танцови и музички претстави и е именуван по поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди (1917-1963). Името на Трамп беше официјално додадено во декември, предизвикувајќи протести и откажување на настапите од страна на некои изведувачи и групи во институцијата.
Кратко по преземањето на функцијата, Трамп отпушти неколку членови на одборот на директори на центарот и го презеде неговото раководство. Центарот традиционално е домаќин на над 2.000 настани годишно, вклучувајќи го и доделувањето на наградите „Почести на Центарот Кенеди“, кое обично се одржува секој декември.
Свет
(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“
Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата за најдобра латино урбана музика на доделувањето на наградите Греми во Лос Анџелес.
Бед Бани, кој ќе биде главен изведувач на полувремето на Супербоул следната недела, се осврна на мерките на администрацијата на Трамп против имиграцијата во страсниот говор на доделувањето на наградите Греми.
„Пред да му се заблагодарам на Бога, ќе кажам „ICE надвор!““, рече тој, осврнувајќи се на американските службеници за имиграција, по неколку недели тензии во Минеаполис каде беа убиени двајца цивили.
„Ние не сме дивјаци, ние не сме животни, ние не сме вонземјани, ние сме луѓе и ние сме Американци“, продолжи тој, додека ја примаше наградата.
Многу членови на публиката стоеја додека тој зборуваше. Порториканскиот уметник се смета и за фаворит за главната награда на вечерта, албум на годината. Неговиот говор беше најочигледно политичкиот момент на церемонијата, каде што многу уметници, вклучувајќи ја и Р&Б ѕвездата Кехлани, носеа значки „ICE out“ на црвениот тепих.
Свет
Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија
Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела, покажа анкета на весникот „Асахи“.
Силниот настап на изборите би го зацврстило влијанието на Такаичи врз партијата и би ѝ ги ослободил рацете за експанзивна фискална политика, што би можело да ги зголеми загриженостите за финансиите на Јапонија и да ги зголеми приносите од обврзниците.
Либерално-демократската партија на премиерката Такаичи веројатно ќе освои повеќе од 233 од 465 места во долниот дом, според анкетата на „Асахи“ објавена вчера.
Тоа би било зголемување во однос на сегашните 198 места. Заедно со коалицискиот партнер на ЛДП, Јапонската партија за иновации, или Ишино, владејачката алијанса веројатно ќе достигне 300 места, покажа анкетата.
Најголемата опозициска партија, Центристичкиот реформски сојуз, е во проблеми и би можела да изгуби половина од своите 167 места, објави „Асахи“. Владејачката коалиција на Такаичи моментално има тесно мнозинство во моќниот долен дом и малцинство во горниот дом.
Премиерката ги распиша новите избори со надеж дека ќе ја консолидира власта откако ја презеде функцијата од сопартиецот Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по лошите изборни резултати.

