Свет
Роботите ќе завладеат со човештвото
Кукли-играчки со импланти за емоции, „оргазматрони“ или хуманоидни кукли за еротски фантазии, туристички патувања на Марс, се само дел од
Кукли-играчки со импланти за емоции, „оргазматрони“ или хуманоидни кукли за еротски фантазии, туристички патувања на Марс, се само дел од 500 предвидувања на футуролозите за 21. век.
Вистинскиот живот во 21. век, како што тврдат футуролозите, нема многу да се разликува од сцените од научно-фантастичните филмови, а водечкиот британски футуролог Јан Пирсон ветува возбудливи промени во релативно блиска иднина.
До 212. година „бебињата“, омилени играчки на девојчињата, ќе бидат „опремени“ со импланти, „вештачка интелигенција“ и ќе реагираат на емоциите на детето.
Истовремено, на осамените мажи ќе им стојат на располагање „оргазматроните“, човеколики кукли направени од материјал што ги има сите карактеристики на женската кожа, а освен тоа, со сите женски атрибути.
„На располагање ќе имаме разни видови на забава, ќе бидеме поздрави, побогати и социјално згрижени. Но секој што се подготвува за возбудлива иднина мора да разбере дека технолошките иновации не се важни сами по себе, туку е важно што тие пронајдоци ќе овозможат, или уништат“, вели Пирсон.
Пирсон, кој работи за британската компанија “BT Group’s BTexact Tehnologies”, објави „временска листа“ на 500 предвидувања за следните 30 години, што истовремено претставува возбудлива, но и загрижувачка визија за иднината.
До крајот на следната година диносаурусите од филмот „Паркот Јура“ ќе направат чекор поблиску кон реалноста, бидејќи ќе постои можност одамна исчезнатите организми да се оживеат.
Иако „враќањето во иднината“ никогаш нема да стане вистинска наука, Пирсон со гордост истакнува дека се остварени 85% од неговите предвидувања од 1991. година.
За 2015. година тој предвидува изградба на хотел во вселената за кој ќе се користат рециклирани резервоари со гориво за летови на „спејс шатлот“, додека до 2030. година технологијата на хибернација ќе им овозможи на луѓето да се „замрзнат“ на неколку дена, месеци или дури години, со што летот до Марс би бил можен и безбеден.
Истата година е можно човечкиот мозок да се поврзе со компјутери користејќи ја таканаречената „нано технологија“ во областа на молекулите или атомите.
Можноста нашиот мозок да се „врати наназад“ значи трајно памтење на доживеаното, а со тоа се отвара можноста мозокот да размислува и реагира со „турбо брзина“.
„Замислете ја важноста вашиот мозок да функционира милион пати побрзо“, вели Пирсон.
Тој тврди дека хуманоидните роботи ќе ја преземат работата во фабриките и веќе до 2015. година ќе можат да ги извршуваат сите домашни или работите во болниците.
Но освен оптимизмот, има и некои вознемирувачки најави за иднината. Според Пирсон, војните ќе добијат нова димензија низ развојот на мали инсекти „војници-роботи“, како и оружја за предизвикување на природни катастрофи.
Така, до 2025. година во развиените земји ќе има повеќе роботи отколку луѓе, до 2030. година роботите ментално и физички ќе ги надминат луѓето и најверојатно, ќе станат нетрпеливи кон своите изумители.
„Секоја нова технологија носи корист, но има и своја цена. Сосема е јасно дека ние со ужасна брзина наоѓаме начини за самоуништување и човештвото е соочено со неброени и непредвидливи ризици“ предупредува Пирсон. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

