Свет
85 отсто од жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД, покажа анкета

Анкета покажа дека 85 отсто од Гренланѓаните не сакаат нивниот арктички остров – полуавтономна данска територија – да стане дел од Соединетите Американски Држави, објави данскиот весник „Берлингске“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно овој месец дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска треба да се откаже од контролата на стратешки важниот остров.
Анкетата спроведена од „Веријан“ и нарачана од дански весник покажа дека само 6 отсто од Гренланѓаните се за да станат дел од САД, а 9 отсто се неопределени, објави „Берлингске“ во вторникот.
Данска во понеделникот објави дека ќе потроши 14,6 милијарди круни (2,04 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.
Гренландскиот премиер Муте Егеде повтори дека островот не е на продажба и дека граѓаните треба да одлучат за нивната иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема извештаи за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат подготвени, а вторпат да се евакуираат.
Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Свет
Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели

Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА. Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.
На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата – и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.
Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.