Свет
ЕБРД против “затворање“ кредити во национални граници

Западноевропските држави што им помагаат на своите банки не треба да ги спречуваат банките, овие средства да ги користат за помош на филијалите
Западноевропските држави што им помагаат на своите банки не треба да ги спречуваат банките, овие средства да ги користат за помош на филијалите во источна Европа.
Ова синоќа во Лондон го изјави претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Томас Мироу, став што го поддржи и ЕУ.
“Одржувањето на тековите на кредитите, а не задржување во националните граници, е клучно за цела Европа. Затворање на вратите на нашите соседи, во овој момент, значи и затворање на вратите на сопствената иднина“, истакна Мироу, во говор на Лондонскиот економски факултет.
Мироу додаде дека “фундаменталната сила на источна Европа“ е основната причина поради која регионот опстојува во услови на криза.
“Процесот на прилагодување ќе биде болен и ќе претставува тест за сите, од политичари, преку банкари, до граѓани. Ситуацијата е сериозна, но со неа може да се управува“, изјави претседателот на ЕБРД./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Катарското Министерство за одбрана: ракетниот напад пресретнат, ќе одговориме пропорционално

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид.
„Благодарение на Бога, будноста на вооружените сили и превентивните мерки, инцидентот не доведе до губење на животи или повреди“, се вели во соопштението на министерството, како што објави „Ал Џезира“.
Катарското Министерство за одбрана потврди дека воздушниот простор и територијата на Државата Катар се безбедни и дека катарските вооружени сили се во состојба на готовност, осудувајќи го иранскиот напад кој „претставува јасно кршење на суверенитетот, воздушниот простор и меѓународното право“.
Катар, како што објавија свтеските агенции, додаде дека го задржува правото директно да одговори на начин соодветен на природата и обемот на нападот и во согласност со меѓународното право, на што Советот за национална безбедност на Иран одговори дека воените операции не претставуваат „никаква закана или опасност за нашата пријателска и сестринска земја, Катар, и нејзиниот народ“.
Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати.
Свет
(Видео) Паника во трговски центар во Доха по нападот на Иран

Вечерва, Иран одлучи да ја спроведе операцијата „Башарат ал-Фат“, односно напад врз американската база Ал Удеид во Катар.
Иран лансираше ракети врз американска база во Катар и уште една ракета врз американска база во Ирак како одговор на нападите на Вашингтон врз нуклеарните постројки на земјата, објавија државните медиуми.
NOW: 🚨 Doha, Qatar. pic.twitter.com/HB6e0yQ4T3
— Iran Military ( Commentary) (@IranMilitary_ir) June 23, 2025
Како што анализираат медиумите, Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток.
Panic in Doha mall during Iranian missile strike on U.S. forces in Qatar. pic.twitter.com/AjkqThSGBu
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Според Стејт департментот, таму живеат близу 8.000 американски граѓани.
Видео од моментот на паника во трговскиот центар во Доха се прошири низ социјалните мрежи.
„Паника во трговскиот центар во Доха за време на иранскиот ракетен напад врз американските сили во Катар“, објави „Клеш рипорт“ на Твитер.
Свет
Си-ен-ен: САД ги потврдија нападите врз американски бази, Трамп е во Кризната соба

Иран потврди дека започнал напади врз американски воени бази во Катар и Ирак, како одмазда за американскиот напад врз нуклеарните објекти на Иран за време на викендот, пренесуваат светските медиуми.
САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, објави Cи-ен-ен од двајца функционери.
Министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален претставник на Белата куќа, како и американскиот претседател Доналд Трамп.
Висок официјален претставник претходно изјавил дека претставници на Белата куќа и Министерството за одбрана ги следат потенцијалните закани за напад на воздухопловната база Ал Удеид во Катар.
Трамп ја посети базата минатиот месец, првиот претседател што ја посети од 2003 година. Тоа е најголемата американска воена база на Блискиот Исток.
„Ниту една посета на Заливот не би била комплетна без да се застане и да се оддаде почит на луѓето што ја одржуваат Америка безбедна, силна и слободна“, им рече Трамп на војниците во базата на 17 мај.