Свет
Вкупно девет млрд.жители на Земјата до 2050
Бројот на жители во светот во 2050 година ќе се зголеми на девет милијарди во споредба со 6,8 милијарди оваа година, се наведува во проценката на
Бројот на жители во светот во 2050 година ќе се зголеми на девет милијарди во споредба со 6,8 милијарди оваа година, се наведува во проценката на Обединетите нации (ООН), објавена денеска.
Повеќето нови жители на Планетата ќе живеат во државите во развој чија популација ќе се зголеми од 5,6 милијарди годинава, на 7,9 милијарди во 2050 година.
Според овие проценки, бројот на жители во најразвиените држави, во овој период, ќе се зголеми незначително и тоа од 1,23 на 1,28 милијарди.
Државите, кои во периодот од 2010 до 2050 година ќе имаат позитивен миграционен прилив, се САД, Канада, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија, Австралија и Франција.
Државите со негативна миграција ќе бидат Мексико, Кина, Индија, Филипини и Пакистан.
Населението во 49 најразвиени држави двојно ќе се зголеми од 840 милиони оваа година, на 1,7 милијарди во 2050 година.
Демографскиот пораст во другите држави во развој, иако голем, ќе се одвива побавно./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

