Свет
Самит на НАТО – на агенда и Балканот
Лидерите на членките на НАТО ќе се соберат денеска на дводневен самит, кој за прв пат се одржува во две земји и на кој Алијансата прославува 60
Лидерите на членките на НАТО ќе се соберат денеска на дводневен самит, кој за прв пат се одржува во две земји и на кој Алијансата прославува 60 години од формирањето.
Самитот ќе се одржи на симболичните места на француско – германското помирување – во Стразбур на француската страна и Кел и Баден Баден на германска страна.
Стотици демонстранти се судрија синоќа со полицијата во Стразбур, на протестот против НАТО.Полицијата употреби солзавец, за да ја растера толпата демонстранти, кои демолирале десетина автобуски постојки и палеле контејнери.
Балканот ќе биде на агендата на средбата на врвот на која за прв пат ќе учествуваат 28 држави, откако во средата за полноправни членки беа примени Албанија и Хрватска.
Третата земја од Јадранската група, Македонија, се очекува да биде спомната во завршното коминике, со порака дека не е заборавена и дека вратата за нејзин прием останува отворена, откако ќе се надминат разликите околу името со Грција.
САД очекуваат Македонија да стане членка на НАТО, по решението на спорот за името со Грција, соопшти деновиве Стејт департментот во Вашингтон.
Според агендата, шефовите на држави или влади на НАТО в сабота ќе ги усвојат заклучоците од самитот во кој ќе бидат дадени и оценки за состојбата на Балканот, со посебен акцент на Косово.
Клучна тема на самитот ќе бидат операциите на НАТО сојузниците во Авганистан и обновувањето на соработката НАТО – Русија.
Лидерите на Алијансата ќе почнат и расправаат за новиот стратегиски концепт на НАТО./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

