Свет
Започна јубилејниот самит на НАТО

Самитот на НАТО, на кој Алијансата одбележува 60 години од формирањето, започна вечерва во германското монденско одморалиште Баден Баден
Самитот на НАТО, на кој Алијансата одбележува 60 години од формирањето, започна вечерва во германското монденско одморалиште Баден Баден.
Јубилејниот самит беше отворен со концерт на познатата германска виолинистка Ана Софи Мутар во салата на Казино Кирхаус.
На него присуствуваа лидерите на 28-те членки на НАТО.
По концертот ќе почне работната вечера.
Централна тема на средбата на врвот ќе биде состојбата во Авганистан, односите со Русија и изборот на нов генерален секретар на НАТО.
Претходно денеска, германскиот канцелар Ангела Меркел изрази надеж дека уште вечерва може да биде познат наследникот на Јаап де Хоп Шефер.
Главен фаворит за генерален секретар е данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, но, неговата кандидатура ја разнишува неприфаќањето од страна на Турција.
Наследникот на Шефер треба да биде избран едногласно од сите земји членки на НАТО, кои сега се 28, по приемот на Албанија и Хрватска./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас подготвен да преговара за втората фаза од договорот за прекин на огнот

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.
Групата во соопштението изразува подготвеност да преговара за втората фаза од договорот за прекин на огнот и го повика Израел целосно да ги спроведе своите обврски, пренесе „Ројтерс“.
Хамас најави и дека ќе го ослободи Едан Александар, израелско-американски заложник и дека ќе ги предаде телата на уште четворица заложници со двојно државјанство.
Свет
Кремљ: Путин му испрати порака на Трамп во врска со прекинот на огнот

Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин преку специјален пратеник му испратил порака на американскиот колега Доналд Трамп во врска со неговиот предлог за прекин на огнот во Украина и рече дека има причини за внимателен оптимизам.
„Путин доцна во ноќта имаше разговори во Москва со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, за предлогот за 30-дневен прекин на огнот во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Киев претходно ја прифати идејата.
Песков рече дека Путин испратил сигнали до Трамп преку Виткоф и дека рускиот лидер бил свесен за американските размислувања за Украина.
„Постојат одредени причини за внимателен оптимизам. Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин, кој одговараше на прашање на новинар. Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за договорот, но покрена неколку прашања на кои треба заеднички да се одговори“, рече портпаролот на Кремљ.
„Значи, сигурно има уште многу работа да се заврши, но генерално, претседателот изрази солидарност со позицијата на г-дин Трамп“, додаде тој.
Песков најави дека Русија и САД ќе работат на организирање телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, откако Виткоф го информирал Трамп за разговорот со Путин.
Свет
Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека ако земјата треба да избере, Минск секогаш ќе биде на страната на Русија и никогаш нема да ја остави сама.
„Ако треба да избереме, секогаш ќе бидеме на страната на нашата Русија. Не може поинаку. Белорусија никогаш нема да ја остави Русија сама“, рече Лукашенко во обраќањето пред Советот на Федерацијата, пленарна седница на Горниот дом на рускиот парламент, пренесува РИА Новости.
Белорускиот лидер додаде дека се сеќава на неговиот разговор за проширувањето на НАТО со тогашниот руски претседател Борис Елцин кога, како што наведе, и двајцата лидери биле „многу огорчени“, но не можеле ништо да направат и нагласи дека сега, по прашањето за проширување на НАТО, „никој нема да ги измами Русија и Белорусија“.