Свет
НАТО го осуди лансирањето на севернокорејската ракета
НАТО го осуди денеска лансирањето на севернокорејската ракета со голем дострел, јавија агенциите
НАТО го осуди денеска лансирањето на севернокорејската ракета со голем дострел, јавија агенциите.
„Лансирањето само ќе придонесе за поголема загриженост поради Северна Кореја во регионот и пошироко и ќе ги усложни шестраните преговори (за севернокорејската нуклеарна програма), се наведува во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер.
Генералниот секретар апелираше до Пјонгјанг „да прекине со провокациите и да го почитува мораториумот на лансирање на ракети со голем домет“.
Северна Кореја и покрај меѓународните протести, ја лансираше ракетата со голем дострел, прогласувајќи го тоа како нов успех на патот кон технолошка и вселенска модернизација.
Многу држави денеска остро реагираа на лансирањето, барајќи итно свикување седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, која што е закажана за вечерва.
Иако севернокорејската агенција извести дека сателитот е успешно лансиран, Сеул соопшти дека сателитот не стигнал до орбитата. Северната команда на американските сили соопшти дека дел од ракетата паднал во Јапонското Море, а друг дел паднал во Тихиот Океан./крај/он/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

