Свет
Советот за безбедност за ракетата на Северна Кореја
Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации вечерва ги започна вонредните консултации зад затворени врати во врска со истрелувањето на севернокор
Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации вечерва ги започна вонредните консултации зад затворени врати во врска со истрелувањето на севернокорејската ракета.
Корејските агенции денеска јавија дека Северна Кореја успешно лансирала во орбитата сателит со помош на ракетата „Млечен пат“.
Западните држави го обвинија Пјонгјанг, дека ја прекршил резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која што и забранува истрелување на балистички ракети.
Консултациите, по кои што може да биде донесено решение за одржување на официјално заседание на СБ, се свикани по барање на Јапонија.
Се претпоставува дека по консултациите ќе има одделна средба на постојаните членови на СБ на ОН со јапонска делегација.
Меѓу членовите на СБ, како што јавуваат медиумите, веќе е распространета проект резолуција, изработена од САД, Јапонија, Велика Британија и Франција.
Во неа, покрај осуда на дејствата на Северна Кореја се предлага да се зајакнат санкциите воведени врз Пјонгјанг во 2006. година.
Русија и Кина повикаа за воздржаност во реакциите околу дејствата на Северна Кореја и ја потенцираат важноста за продолжување на шестраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

