Свет
Можно протерување на новинари од Молдова
Властите во Молдова планираат да протераат тројца романски новинари
Властите во Молдова планираат да протераат тројца романски новинари откако молдавскиот претседател го обвини Букурешт дека се обидува да ја урне молдавската влада.
Руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на неименувани извори во молдавската тајна служба, јави дека новинарите биле вмешани “во активности што не биле во согласност“ со законот на Молдова.
Претседателот Владимир Вороњин ја обвини Европската унија (ЕУ) и Романија, која е членка на НАТО, дека се одговорни за протестите на опозицијата во Кишњев.
Протестите траат од понеделникот поради, како што наведуваат опозиционите партии, лажирање на резултатите од парламентарните избори.
Претседателот изјави дека се воведуваат визи за романските државјани, а амбасадорот на Романија во Кишњев вчера е прогласен за “персона нон грата“.
Романија ги отфрли обвинувањата на молдовските власти./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.