Свет
Иран подготвен да го разгледа предлогот за нуклеарната програма
Иран ќе го разгледа „конструктивниот“ предлог на шесте големи сили, кои што го поканија Техеран на директна средба за спорната нуклеарна програма
Иран ќе го разгледа „конструктивниот“ предлог на шесте големи сили, кои што го поканија Техеран на директна средба за спорната нуклеарна програма.
Ова го најави близок советник на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
„Предлогот треба да биде разгледан. Станува збор за конструктивен предлог и за промена на приодот – се надеваме, пореален. Исламската република Иран ќе го разгледа предлогот и ќе даде одговор“, изјави Али Акбар Џаванфекр.
Петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и Германија (5+1) соопштија во средата дека ќе го поканат Иран на директна средба, посветена на неговата нуклеарна програма./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

