Свет
Рецесијата ја поттикнува сивата економија во ЕУ
Додека на речиси сите сектори на европската економија ги тресе сериозна криза и рецесија, „црниот пазар“ по подолго време бележи пораст
Додека на речиси сите сектори на европската економија ги тресе сериозна криза и рецесија, „црниот пазар“ по подолго време бележи пораст.
Ова се наведува во анализата на бриселскиот портал ЕУобсервер, во кој се потсетува дека „сивата економија“ ја опфаќа неоданочената трговија и услуги, односно плаќањето „на рака“ без издавање на сметка.
Резултатите од истражувањето на група австриски експерти, на кое се повикува ЕУобсервер, покажале дека „сивата економија“ во 14 богати членки на Европската унија ќе се зголеми од 0,3 до 0,9 отсто.
Најголем пораст се очекува во Велика Британија, Ирска и Шпанија, додека најмал во Германија, Австрија и Белгија.
Поранешните комунистички земји не се опфатени во истражувањето, но се очекува во нив да има најголем пораст на „сивата економија“.
Растот на сивата економија во ЕУ уследи по период до кој таквите активности речиси да беа искоренети. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

