Свет
Андов живее кај синот, Макрадули враќа кредити
Две гарсониери од 40 квадрати во Дојран и стан од 60 квадрати во Охрид е недвижниот имот што го поседуваат Стојан Андов од ЛП и неговата сопруга Марија.
Александра М. Митевска
Две гарсониери од 40 квадрати во Дојран и стан од 60 квадрати во Охрид е недвижниот имот што го поседуваат Стојан Андов од ЛП и неговата сопруга Марија.
Андов е првиот опозициски лидер што за „Време“ ја откри имотната состојба, откако Собранието минатата недела ја донесе Резолуцијата за поддршка на борбата против корупцијата. Со резолуцијата на сите функционери во државата им се наметнува етичка обврска да дозволат увид на јавноста во анкетните листови.
Сопружниците Андови во 1995 година ја префрлиле на нивниот син бараката во Скопје во која живеат. Андов има заштеда од 40 илјади евра и вози „фиат пунто“ од 2002 година, а неговата сопруга е сопственик на 50 акции во „Макпетрол“.
Неизвесно е дали и министрите, судиите, директорите на јавни претпријатија, ќе го следат примерот на пратениците, бидејќи Резолуцијата практично има само морална тежина, додека Законот за борба против корупцијата предвидува тајност на анкетните листови.
Премиерот Владо Бучковски вчера беше во Холандија, но од неговиот кабинет велат дека транспарентноста е принцип на работата на Владата. Од повеќето пратенички групи во Собранието вчера стаса одговор дека нивните пратеници ќе ја почитуваат резолуцијата за која гласаа.
Марјан Ѓорчев, претседател на Земјоделската партија, ја оценува Резолуцијата како политички памфлет и вели дека таа не може да биде над законот. Сепак, Ѓорчев вели дека за него не е проблем да каже што поседува. Тој во 1987 продал имот во Кавадаречко за да го купи станот од 87 квадрати во скопската населба Кисела Вода. Ѓорчев вози „голф“ од 1995 година, а неговата сопруга има „мицибуши“ од 1999.
Јани Макрадули, координатор на СДСМ, очекува сите пратеници од неговата група да дозволат увид во анкетните листови, како што направија во 2002. Тој вели дека во меѓувреме неговото семејство го продало станот во Скопје, а тој купил помал стан на свое име, бидејќи наскоро ќе се жени. Макрадули вози „рено клио“ од 2000 година и исплаќа кредит од 30 илјади евра за станот.
И Андреј Жерновски, шеф на пратеничката група на ЛДП, смета дека „неговите“ пратеници ќе ги отворат сметките како во 2002, но и поради тоа што се предлагачи на Резолуцијата. Жерновски објаснува дека во наследство добил поголем имот во центарот на Скопје, а го наследил и станот од 120 квадрати во кој живее. Негова лична своина е автомобилот „тојота корола“.
Рафиз Алити, координаторот на ДУИ, исто така, очекува функционерите од неговата партија да обезбедат транспарентност на имотните листови.Тој информира дека има двокатна куќа во Радуша и дека таму има и поголем имот што го обработува, а го наследил од татко му и од дедо му.
Алити поседува трактор и друга земјоделска механизација, а инаку вози „опел кадет“ од 1992 година.
Слободан Најдовски, потпретседателот на Собранието, кој ја иницираше резолуцијата, објаснува дека живее во семејната куќа од околу 100 квадрати во Кравари, Битолско. Има автомобил „тико“ од 1997 година, иако почесто вози „хјундаи“, сопственост на таткото на неговата сопруга. Најдовски имал и штеден влог од 17 илјади евра.
Чедомир Краљевски, координатор на ВМРО-НП, вели дека неговата партија практично е копредлагач на Резолуцијата и затоа ќе ја почитува. Краљевски има двокатна куќа во Куманово и стан од 60 квадрати во Скопје, за кои вели дека му се наследство. Вози „даеву-нубира“ и има тековна сметка на која имал околу 100 илјади денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

