Свет
Над 500 планирани терористички напади, лани, во ЕУ
Вкупно 515 терористички напади биле преземени или планирани во државите на Унијата во 2008 година, соопшти Еуропол
во 2008 година, соопшти Агенцијата за спроведување на законот Еуропол.
“Заканата од исламистички, како и етно-националистички и сепаратистички тероризам до државите-членки на ЕУ, останува висока“, изјави синоќа заменикот-директор на Еуропол Мариано Симанкас.
Тој додаде дека агенциите за спроведување на законот мора и натаму да се подготвени со цел да превенираат и да се обидат да ги разбијат терористичките групи и структури.
Вкупно 397 од нападите биле сепаратистички движења, од кои 97 проценти се одвивале во Шпанија и Франција.
Во 2008 година, четири лица, загинаа во државите на ЕУ како резултат на терористички напади што ги преземала басиската сепаратистичка група ЕТА во Шпанија, наведува Еурoпол.
Франција се соочува со корзиканскиот сепаратистички тероризам, додека во Грција, употребата на насилство од страна на групата Револуционерна борба, ескалира.
Ирскиот национализам и натаму предизвикува загриженост со убиството на двајца британски војници и полицаец, годинава, од страна на различни групи што произлегоа од ИРА, соопшти Еуропол./крај/ео/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија
Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија во Германија.
„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург“, пишува во објавата на ФБ.
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако синоќа автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.
Свет
(Фото+видео) Масовни протести во Магдебург додека се одржува комеморација на загинатите во вчерашниот терористички напад
Стотици десничарски демонстранти се собраа во Магдебург.
Сликите од новинската агенција Асошиетед прес покажуваат голем собир на луѓе, а во толпата се сликани германски знамиња.
1900 Rede von Thorsten Heise. Stimmt Parole „Abschieben“ an und die Demo antwortet. In der Demo weiterhin vermummte Neonazis. #md2112 pic.twitter.com/w6FNxqdYmB
— Tim Mönch (@moenchtim) December 21, 2024
Во моментов во градската катедрала се одржува комеморација во знак на сеќавање на убиените во вчерашниот напад.
Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.
Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.
Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.
Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.
Регион
Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.
„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.
Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.
Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.
Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.
Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.
Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.