Свет
Самоубиство на секои 40 секунди во светот

Секоја година во светот околу еден милион лица извршуваат самоубиство, што значи дека на секои 40 секунди еден човек посегнува по сопствениот живот
Секоја година во светот околу еден милион лица извршуваат самоубиство, што означува дека на секои 40 секунди еден човек посегнува по сопствениот живот.
Ова го покажува најновото истражување, кое денеска ќе биде објавено во медицинското списание „Лансет“, пренесуваат западните агенции.
Истражувањето е дело на Кит Хоутон од универзитетот Оксфорд и Кис ван Херинген од универзитетската болница во белгискиот град Гент.
На прво место според бројот на самоубиства е Кина каде се регистрирани над 30 отсто од вкупниот број.
Во Европа, најмногу самоубиства се случуваат во државите од северниот дел на континентот.
Истражувањето покажува дека во развиените земји мажите самоубијци се четири пати повеќе отколку жените, но, тоа не е случај во Кина каде повеќе самоубиства има меѓу женската популација.
Авторите на истражувањето предупредуваат дека во последните 50 години во светот расте бројот на самоубиства меѓу младите./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот премиер: ЕУ мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија

Финскиот премиер Петери Орпо денес изјави дека Европската Унија мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија, пренесува Танјуг.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно денес изјави дека неговата земја нема да поддржи нов пакет санкции на ЕУ против Русија и ќе побара одложување на гласањето планирано за утре, објави Ројтерс.
Причината е загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година, објави Ројтерс.
Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.