Контакт

Свет

Запленети речиси 100 кг. хероин во Колумбија

Објавено пред

Колумбиската полиција запленила 97,5 килограми хероин, за кој верува дека им припаѓал на Револуционерните оружени сили на Колумбија

dobivaj vesti na viber

Колумбиската полиција запленила 97,5 килограми хероин, за кој верува дека им припаѓал на Револуционерните оружени сили на Колумбија.

Запленетата дрога, пронајдена во подземно засолниште, би и овозможило на оваа герилска група на пазарот да заработи речиси девет милиони долари, се вели во полициското соопштение.

Според податоците на Обединетите нации, оваа земја минатата година произвела 14 тони хероин. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Икс паѓаше одвреме-навреме вчера; Маск: Нападот е извршен од адреси во Украина

Објавено пред

Корисниците на Икс вчера имаа проблеми со користење на социјалната мрежа. Сопственикот на Икс, Илон Маск, објави дека социјалната мрежа била погодена од „масовен сајбер напад“. Тој додаде дека нападот бил извршен „со многу ресурси“.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека во нападот била вклучена или голема координирана група или држава или и двете. „Секојдневно нè напаѓаат, но тоа беше направено со многу ресурси. Или е вклучена голема, координирана група и/или држава. Го бараме изворот“, напиша тој на својата социјална мрежа.

Маск подоцна изјави за „Фокс Њуз“ дека IP адресите вклучени во сајбер нападот се лоцирани „на територијата на Украина“. Во сега избришаната објава на Телеграм, хакерската група наречена Dark Storm Team ја презеде одговорноста за нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Објавено пред

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на руската престолнина, додека воздухопловните власти соопштија дека ги прекинале летовите на двата аеродроми кои го опслужуваат градот.

dobivaj vesti na viber

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала биле соборени над областите Раменское и Домодедово во московскиот регион. И двете области се наоѓаат на околу 40 до 50 километри јужно и југоисточно од Кремљ.

„Според прелиминарните информации, нема штета или повредени“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.

Рускиот авијациски регулатор соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово се суспендирани поради загриженост за безбедноста на воздухот по извештаите за напади. Немаше коментари од Украина.

Киев честопати вели дека неговите напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата која е од клучно значење за севкупните воени напори на Москва и се одговор на континуираното руско бомбардирање на Украина од почетокот на војната пред три години.

Сепак, според снимките кои утринава се шират на Икс, во градот може да се забележат серија експлозии. Иако не е потврдено дека тоа е Москва, не би било првпат официјална Русија целосно да демантира какви било напади, додека во реалноста ситуацијата е многу поинаква.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Објавено пред

Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада.

dobivaj vesti na viber

Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на Војската на Црна Гора и хеликоптерска поддршка од воздух.

Според пишувањата на медиумите, Костелиќ и уште едно лице биле на кајак, но силен јужен ветер и бранови високи над три метри ги превртел и ги одвлекол од брегот.

Како што дознава „Вијести“, двајцата спасени се добро, но превентивно се предадени на екипа на Брза помош која ги чекала во пристаништето Бар, каде околу 22.45 часот пристигнал патролниот брод.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион1 час

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...

Регион2 часа

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на...

Македонија16 часа

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија17 часа

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија17 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет17 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ20 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија21 час

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија23 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија23 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет24 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа1 ден

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет1 ден

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет1 ден

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија1 ден

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ2 дена

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ2 дена

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...