Свет
Средба на Советот НАТО-Русија на 19. мај
Состанок на Советот НАТО-Русија на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи на 19. мај во Брисел, изјави рускиот амбасадор во Алијансата
Состанок на Советот НАТО-Русија на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи на 19. мај во Брисел, изјави рускиот амбасадор во Алијансата, Дмитриј Рогозин.
„Состанокот на ниво на амбасадори ќе биде на 29. април, додека на ниво на министри за надворешни работи на 19. мај, кога во Брисел ќе биде Лавров“, нагласи Рогозин.
Тој додаде дека Москва нема да учествува на средбата на началниците на генералштабовите на земјите од Алијансата и Русија, предвидена за 7. мај.
Официјалните средби на Советот НАТО-Русија беа прекинати од страна на Алијансата по минатогодишната кратка војна меѓу Русија и Грузија, но во март НАТО реши да ја обнови соработката со Москва. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.
„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.
Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.
Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.
Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.
Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.
Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.
Свет
(Фото) По 10 години мистерија: Малезија одобри нова потрага по исчезнатиот авион MH370
Малезиската влада објави дека одобрила продолжување на потрагата по исчезнатиот авион MH370 на Малезија ерлајнс, кој исчезна пред десет години.
И покрај долгогодишните напори да се пронајдат остатоците од Боингот 777, семејствата на многу жртви сè уште бараат одговори, наведува Би-Би-Си.
Малезискиот министер за транспорт Ентони Лок објави дека владата одобрила преговори за нов договор со американската компанија „Оушн Инфинити“, специјализирана за истражување на длабоки мориња.
Оваа компанија ќе ја спроведе потрагата по авионот, со услов плаќањето да се изврши само доколку се најдат остатоците.
Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан.
Претходната потрага заврши неуспешно во 2018 година. Исто така, меѓународната потрага, која траеше две години и чинеше 150 милиони долари, заврши во 2017 година без успех.
Летот MH370, со 239 патници, полета од Куала Лумпур во раните утрински часови на 8 март 2014 година, но изгуби контакт со контролата на летање помалку од еден час по полетувањето.
Радарот покажал дека авионот скршнал од планираниот курс.
Иако истрагите покажуваат дека авионот најверојатно се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, останува нејасно што ја предизвикало несреќата.
Делови од остатоците, за кои се верува дека се од авионот, се пронајдени на брегот на Индискиот Океан неколку години по исчезнувањето.
Свет
Орбан смета дека терористичките напади во Европа се поврзани со мигрантската криза
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постои врска помеѓу миграцијата и нападите на области како што се божиќните базари во Германија.
„Поврзаноста меѓу миграцијата и овие терористички напади мора да се препознае. Во минатото такви напади не се случуваа, но сега се случуваат“, рече Орбан на годишната прес-конференција во Будимпешта.
Унгарскиот премиер истакна дека „треба да се почека неколку дена“ за да се дојде до заклучоци и додаде:
„Мора да се каже дека овие напади се случуваат само од миграциската криза.
Во напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, во петокот вечерта, според последните информации, загинале четири лица, а повеќе од 200 се повредени.
Орбан се осврна и на односот на, како што рече, „либералната елита од Брисел“ кон Унгарија,
„Во Брисел има либерална елита и има опозиција. Унгарија е дел од таа опозиција и затоа ја казнуваат со милион евра дневно, затоа што ја штити Европа од она што се случи на пример во Магдебург“.
Унгарија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Шпанија во втората половина на 2024 година, а од 1 јануари 2025 година таа улога ќе ја преземе Белгија.