Свет
Прв случај на смртоносниот грип во Германија
Германските власти потврдија случај во Баварија на новиот тип смртоносен грип H1N1, од кој досега во епицентарот на епидемијата во Мексико починаа
Германските власти потврдија случај во Баварија на новиот тип смртоносен грип H1N1, од кој досега во епицентарот на епидемијата во Мексико починаа 159 лица.
„Институтот Роберт Кох (федерална Агенција за инфективни болести) потврди свински грип во еден сомнителен случај во Баварија. Откриен е кај пациент од областа Рагенсбург“, соопшти баварското Министерство за здравство.
Новиот тип на грип H1N1, што почна да се шири од Мексико, во оваа латиноамериканска држава досега однесе 159 животи, соопштија денеска официјални извори.
Состојбата со смртоносниот грип драматично се влоши во САД.
Властите синоќа објавија дека се разболеле стотина ученици во училиште во Њујорк, а федералната епидемиолошка служба предупреди дека очекува ширење на болеста и смртни случаи.
„Очекуваме дека ќе видиме смртни случаи од оваа зараза“, изјави директорот на Центарот за превенција и контрола на болести (CDC) Ричард Бесер.
Центарот потврди 64 случаи на заболени во пет американски сојузни држави, најмногу во Њујорк – 45.
Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот 1,5 милијарди долари за итно финансирање на националната борба со епидемијата.
Потврдени случаи на заболени од грипот има и во Нов Зеланд, Канада, Израел, Велика Британија и Шпанија.
Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се разгледуваат нови девет сомнителни случаи, со што вкупниот број во оваа азиска земја се искачи на 12.
Куба во вторникот ги забрани летови кон Мексико, како прва земја што воведе таква мерка кон епицентарот на епидемијата./крај/х/бгнес/риа/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

