Свет
Најсмртоносните пандемии на 20-тиот век
Новиот вирус на свински грип, кој се пренесува од човек на човек може да убие и до 7,4 милиони луѓе
Новиот вирус на свински грип, кој се пренесува од човек на човек може да убие и до 7,4 милиони луѓе.
Ова е најпесимистичката прогноза на Светската здравствена организација, која е на чекор од прогласување пандемија.
Изминатите стотина години во светот се регистрирани три пандемии и повеќе закани.
Најсмртоносна пандемија беше шпанскиот грип, од кој во 1918 и 1919 година се разболе 40 насто од светската популација.
Светската здравствена организација проценува дека во налетот на шпанскиот грип умреле над 50 милиони луѓе.
Шпанскиот грип го предизвикал вирусот H1N1, кој е сличен на денешниот предизвикувач на птичји грип H5N1 i H5N2. Тој претставуваше невообичаено тежок и смртоносен облик на птичји грип и вирусно кожно заболување. Слично како и сегашниот вирус на свински грип, шпанскиот вирус ја погодуваше пред се младата популација.
Друга голема пандемија е налетот на азискиот грип, кој се појави во 1957 година во Кина, а ширум светот покоси најмалку два милиони луѓе. Предизвикувач на азискиот грип е вирусот H2N2, а за време на пандемијата болеста се рашири на два пати – во првиот налет ги погоди пред се децата, а во вториот возрасните.
Една од последните пандемии со поголем обем избувна во 1968 година во Хонг Конг. Во периодот од септември 1968 година и март 1969 година починаа 33.800 луѓе, а беше означена како едно од поблагите пандемии на 20-тиот век.
Од тогаш и не избувнала пандемија, иако светот се соочи со неколку закани. Меѓу нив е и свинскиот грип од 1976 година во САД, а најголемите закани за пандемија беа во 1997 и 1999 година, кога стотици луѓе се заразија со птичји грип. Вирусот беше поинаков и се пренесуваше од птици на луѓе. За зауздување на заразата низ целиот свет, беа убиени милиони птици.
Зголемената мобилност на светското население ја зголемува можноста за ширење на болестите. Во 2003 година се појави и таканаречениот САРС, кој е предизвикан од коронавирус прв пат забележан во Кина. Со САРС се заразиле околу осум илјади луѓе, од кои почнале 774. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

