Свет
Земјотрес во Јужна Африка, под земја заробени 14 рудари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-3520.jpeg)
Најмалку 14 рудари се заробени во окно, откако земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јужноафриканската република, соопштено е од Сеизмолошкиот центар во Преторија.
Најмалку 14 рудари се заробени во окно, откако земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јужноафриканската република, соопштено е од Сеизмолошкиот центар во Преторија. Епицентарот на ноќешниот земјотрес бил во Стилфонтеја, на околу 200 километри југозападно од Јоханесбург. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Трамп: Милијарди долари од УСАИД се украдени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/29a43b29-b5ed-40c8-8031-6e7295092deb.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја критикуваше американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) тврдејќи дека од таа агенција се украдени милијарди долари, јавува „Anadolu“.
„Изгледа дека се украдени милијарди долари од УСАИД и други агенции, а голем дел од нив одат на лажните медиуми како „исплата“ за производство на добри приказни за демократите“, напиша Трамп на Truth Social.
Неговата објава, според светските медиуми, дојде во време на дебата за медиумските организации кои добиваат владино финансирање што се интензивираше откако технолошкиот милијардер и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск критикуваше одредени медиуми за наводно примање плаќања од федерални институции.
Маск, кој беше назначен од Трамп да ја надгледува ефикасноста на владата, го коментираше трошењето на федералниот буџет во X, тврдејќи дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден обезбедила средства за одредени медиумски организации.
Маск посебно укажа на плаќањата преку агенции како УСАИД.
„Ова може да биде најголемиот скандал од сите нив, можеби најголемиот во историјата. Демократите не можат да се сокријат од овој. Преголем, премногу валкан“, напиша Трамп.
Свет
Унгарија објави дека размислува за повлекување од Светската здравствена организација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_78-67a4d145bccff.jpg)
Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека земјата може да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО).
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп нареди повлекување на САД од СЗО речиси веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, а вчера и Аргентина најави повлекување од Светската здравствена организација.
Министерот задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гуљаш денеска изјави за новинарите дека верува оти „доколку најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно унгарската влада да размисли“ дали треба да го преземе истиот чекор, пишува „Политико“.
„Можеби ќе дојдеме до заклучок дека не мораме да го правиме тоа, можеби ќе донесеме некоја друга одлука, се разбира, но дефинитивно вреди да се размислува за тоа“, рече Гуљаш, наведувајќи го како аргумент дека „најсилната демократија во светот ја напушта Светската здравствена организација по своја волја“.
Трамп и неговите сојузници ја обвинија Светската здравствена организација дека се меша во суверенитетот на земјите, дека е под несоодветно влијание од Кина и дека нејзиниот одговор на Ковид-19 е недоволно компетентен, сите тврдења што генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги отфрли во обраќањето до земјите-членки во понеделникот.
„Како агенција на ОН, СЗО е непристрасна и постои за да им служи на сите земји и на сите луѓе“, рече Тедрос.
Тој додаде дека кога земјите поставуваат барања кои ја надминуваат мисијата на Светската здравствена организација за поддршка на глобалното здравје, од СЗО велат „љубезно, не“, пренесува Танјуг.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/677z381_677z381_santorini.jpg)
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.