Свет
Далај Лама: Тибет може да остане дел од Кина

Духовниот водач на Тибетанците Далај лама, кого владата во Пекинг го доживува како жив симбол на сепаратистичките тежнеења на Тибет, изјави денеска дека тој и неговите следбеници се подготвени Тибет да остане дел од Кина, но оти единствено што сака е поголема автономија.
Духовниот водач на Тибетанците Далај лама, кого владата во Пекинг го доживува како жив симбол на сепаратистичките тежнеења на Тибет, изјави денеска дека тој и неговите следбеници се подготвени Тибет да остане дел од Кина, но оти единствено што сака е поголема автономија. „Уште еднаш сакам да им порачам на кинеските власти дека се додека сум јас одговорен за тибетанските работи, владата во егзил ќе се залага за таканаречен среден пристап и оти нема да бара независност за Тибет“, изјави Далај Лама. Аналитичарите во неговите ставови препознаваат натамошно омекнување на позицијата кон Кина и обиди да му се олесни пристапот на официјален Пекинг да го реши овој долготраен проблем. „Далај лама сака всушност на Кина да и даде прилика достоинствено да го реши проблемот на Тибет каде се наметна како колонијален господар. Но, кинеските официјални претставници и претходно пропуштаа слични шанси и се сомневам дека и сега позитивно ќе одговорат на оваа најнова можност“, оцени Вијај Канти, стручњак за односите меѓу Кина и Тибет. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Далај лама, кој во 1959 година пребегна во Индија по неуспешниот бунт и оттогаш во Дарамсала ја води тибетанската влада во егзил, своите последни изјави ги даде по повод годишното обраќање, одбележувајќи ја 46 годишнина од бунтот./крај/ хин/тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокаустот врз неговиот народ

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера предизвика бес кога го обвини Израел дека извршил „холокауст“ врз Палестинците, говорејќи на прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц. На заедничката прес-конференција Абас рече дека „Израел извршил 50 масакри на 50 палестински локации од 1947 година. Потоа додаде „50 масакри, 50 холокаусти“.
Забелешките на Абас беа одговор на новинар кој праша дали ќе му се извини на Израел на 50-годишнината од нападот на палестинските терористи врз израелските спортисти на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, во кој загинаа 10 израелски спортисти и тренери и еден германски полицаец.
Шолц ги слушаше изјавите на Абас со израз на загриженост и навреденост, но веднаш не одговори. Неговиот портпарол Штефен Хебестрајт ја прогласи прес-конференцијата за завршена веднаш по одговорот на Абас, кој претходно беше најавен како последно прашање.
Хебестрејт потоа рече дека Шолц бил огорчен од изјавите на Абас. „Особено за нас Германците, секое релативизирање на Холокаустот е неподносливо и неприфатливо“, изјави Шолц подоцна за германскиот таблоид Билд.
Реагираше и израелскиот премиер Јаир Лапид. „Махмуд Абас на германско тло го обвинува Израел дека извршил „50 холокаусти“, што не само што е морален срам, туку и монструозна лага“, напиша Лапид. „Шест милиони Евреи беа убиени во холокаустот, вклучително и еден и пол милион еврејски деца“, напиша Лапид, додавајќи дека „историјата никогаш нема да му прости“, пренесе Индекс.хр.
Свет
Новата ракета на НАСА се подготвува за првото лансирање, ќе орбитира околу Месечината

Џиновската лунарна ракета на НАСА, Space Launch System, го започна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа во средата.
Во меѓувреме се прават подготовки за првото лансирање на Месечината, кое според планираното треба да се случи за помалку од две недели.
Овој проектил е изграден од Lockheed Martin Corp. На врвот се наоѓа вселенската капсула Орион на НАСА. Инаку, оваа капсула е дизајнирана да се одвои од ракетата во вселената и да транспортира луѓе на Месечината.
На 29 август, ракетата висока 98 метри треба да ја лансира својата прва вселенска мисија без екипаж. Тоа ќе биде клучно, долго одложено демонстративно патување до Месечината за програмата на НАСА Артемис, проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари за враќање на луѓето на површината на Месечината како подготовка за идните мисии на Марс.
Систем за вселенско лансирање, чиј развој беше предводен од Boeing Co во изминатата деценија, излезе од нејзината зграда за склопување во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида и го започна своето патување од шест километри до лансирната рампа, движејќи се со брзина помала од еден километар на час.
За мисијата на 29 август, наречена Артемида 1, капсулата Орион ќе се лансира на врвот на беспилотниот систем за вселенско лансирање и ќе орбитира околу Месечината пред да се врати на Земјата за да слета во океанот 42 дена подоцна.
Доколку има временски услови или какви било технички проблеми, НАСА има резервни датуми за лансирање на 2-ри и 5-ти септември,пренесе Аваз.ба.
Свет
Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

Шест лица се ранети рано во вторникот во близина на болницата „Методист Норт“ во Мемфис, Тенеси, соопштија претставници на болницата и полицијата.
Полицијата во Мемфис реагирајќи во 12:42 часот по средноевропско време во близина на Њу Ковингтон Пајк и експресниот пат Остин Пеј пронашла шест жртви „сите наводно застрелани од осомничен во црн теренец“, соопшти нивниот оддел, според Си-Ен-Ен.
Четири жртви се во критична состојба, соопшти полицијата во Мемфис неколку часа подоцна. Останатите двајца пациенти се надвор од животна опасност.
Според Архивата на оруженото насилство, ова е едно од 400-те масовни престрелки оваа година во Соединетите држави. Масовно пукање се дефинира како пукање во кое четири лица, не вклучувајќи го напаѓачот, се застрелани.
Ниту еден вработен во болницата не е повреден во пукањето, се вели во соопштението на Methodist Healthcare од Мемфис,пренесе Денес.рс.