Свет
Над 11 илјади заболени од новиот грип
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6a7ab3e1-d39d-496b-be9e-a28cec5493ab.jpeg)
Епидемијата на новиот грип продолжува и веќе има регистрирани 11 илјади заболени во 41 држава во светот
Епидемијата на новиот грип продолжува и веќе има регистрирани 11 илјади заболени во 41 држава во светот.
Според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) само во изминатите 24 часа бројот на заболените се зголемил за илјада, на вкупно 11.034 луѓе.
Од последиците на грипот досега починале вкупно 85 луѓе во Мексико, САД и Канада.
Вниманието на СЗО сега е свртено кон Јапонија, каде се регистрирани 292 заболени.
Доколку биде потврдено автономно жариште на грипот во Јапонија СЗО ќе ја зголеми тревогата на највисокиот шести степен.
Вирусот се појави во март во Мексико, каде е најавено укинување на ограничувањата воведени минатиот месец, како затворање на училиштата, баровите, рестораните и кината во главниот град./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
„Не мачеа на сите начини, вклучително и со струја“, вели ослободен палестински затвореник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Palestinec1.jpg)
По денешното ослободување на 183 палестински затвореници од затворите во Израел во размена за тројца израелски заробеници, многумина прозборуваа за голготата низ која минале.
Ослободениот Палестинец Ибрахим Мухамед Калил Ал-Шавиш ја опиша тортурата во израелските затвори. Разговараше со новинарите в болница, веднаш по ослободувањето, додека лекарите констатираа видливи знаци на тортура по неговото тело.
„Се користеа сите форми на тортура против нас, вклучително и струја. Струјата се применуваше на чувствителните области. Тие користеа ментална и физичка тортура – сè. Повторно се родив, фала му на Бога. Денес е ново раѓање, нов почеток”, изјави Ал-Шавиш на новинарите.
Два автобуса со ослободени затвореници пристигнаа во Европската болница во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа преку преминот Карам Абу Салем по нивното ослободување од израелските затвори, објави Канцеларијата за информации за затворениците на Хамас.
Свет
По 491 ден заробеништво, Хамас ослободи тројца Израелци во замена за 183 палестински затвореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zaloznici.jpg)
Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.
Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.
Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.
Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.
И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.
Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.
До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви.
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trkalo-Alkesandar-Vucic.jpg)
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.