Свет
Откриени повеќе метални парчиња во Атлантикот

Повеќе поголеми парчиња од Ербасот на „Ер Франс“, меѓу кои и метален дел со пречник од седум метри, биле забележани во Атлантикот од страна на
Повеќе поголеми парчиња од Ербасот на „Ер Франс“, меѓу кои и метален дел со пречник од седум метри, биле забележани во Атлантикот од страна на бразилски воен авион.
Како што соопшти полковникот Јорге Амарал, портпарол на бразилското воено воздухопловство, авионот Ембрарер Р-99 опремен со радарски систем, лоцирал во 3.40 часот по локално време(8.40 по средноевропско) уште четири зони на кои се воочени остатоци од авионот, 90 километри јужно од првобитно одреденото подрачје.
„Воочени се повеќе предмети распространети во радиус од пет километри, меѓу кои и дел со пречник од седум метри за кој се претпоставува дека е метален, како и нафтена дамка долга 20 километри“, рече Амарал.
Според него, станува збор за вкупно десет предмети, од кои некои се метални.
Парчето со пречник од седум метри би можело да биде остаток од страничниот дел на трупот, но на него не е воочен натписот „Ер Франс“.
Ербасот А330 на „Ер Франс“ се урна над Атлантикот во ноќта кон понеделник, со 228 патници и членови на екипажот, на околу 1.000 километри од бразилскиот брег. Причините за несреќата засега се непознати. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Светот го нема видено ова“ – најмасовен протест во историјата на Србија

Во Белград се одржува голем протест организиран од студентите.
Пред српското Собрание во моментов има огромен број луѓе, а други пристигнуваат од сите страни.
Студентите најавија дека главната бина ќе биде на плоштадот Славија, кој е на 15 минути пешачење од Собранието на Србија.
На таа сцена ќе се одржат главната програма и говорите.
Говорите ќе бидат емитувани и на аудио бина пред Народното собрание.
На социјалните мрежи се објавени голем број видеа и фотографии од протестот.
Ovo nikad nije bilo! pic.twitter.com/cgzJUg1CR1
— Tijana Kojović (@tkojovic) March 15, 2025
Ne Beograd, ovo svet video nije.. 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/zdbEGUaYL0
— Ivana (@Ivana66157567) March 15, 2025
Beograd je danas najlepši grad na svetu 💚 pic.twitter.com/ya1GJ7gKSk
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) March 15, 2025
"Gde god da odem taj grad me prati, Beograd moj sebi me vrati" ♥️🇷🇸 pic.twitter.com/KFIdXCwfpN
— Igor Vujanović (@Infoverzum) March 15, 2025
Регион
(Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија

Илјадници граѓани кои денеска се собраа на четири локации во Белград, пристигнуваат во центарот на градот, каде за 16 часот имаат закажано протест пред Народното Собрание. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание на Србија и Славија, како и на другите улици во центарот на градот, околу Автокоманда.
Sajam, Mostar, Savska… Sve puno! Ne vidi se ni početak ni kraj! pic.twitter.com/DQSy2N7GNA
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) March 15, 2025
Зградите на српскиот парламент и на белградското собрание се опколени со метална ограда, а околу нив се распоредени силни полициски сили. Пред Собранието има моторџии, а од другата страна на плоштадот Никола Пашиќ има трактори кои го опкружуваат кампот на ученици кои сакаат да посетуваат настава и кои се во шатори во Паркот на Пионерите.
Свет
(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград и Воронеж.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 64 беспилотни летала над регионот Волгоград и соседната област Воронеж , додека останатите биле насочени кон пограничните региони.
Here's another video from Volgograd which tends to suggest there may have been some damage!
It's also speculated by a few channels that Russia's air defence may have been the cause rather than any of the drones. pic.twitter.com/rwXH3vMyPT
— Tim White (@TWMCLtd) March 15, 2025
Рускиот претседател пред два дена рече дека неговата земја е „за“ прекин на огнот, но наведе „важни прашања што треба да се решат“, откако САД и Украина подготвија 30-дневен план за прекин на огнот за време на неодамнешните разговори во Саудиска Арабија.
UAV Ucrain cấp tập tấn công nhà máy lọc dầu Volgograd, Nga trong đêm rạng ngày 15/3. Có đến 10 tiếng nổ lớn được nghe thấy; clip quay cảnh nhà máy bùng cháy dữ dội. https://t.co/tgQR44RQZX
— linh le (@linhle37314440) March 15, 2025