Свет
Франција и САД со различен пристап кон интеграцијата на Турција во ЕУ
Разликата меѓу Франција и САД по прашањето за интеграцијата на Турција во Европската унија(ЕУ) се однесуваат на формата, а на на целта Турција да
Разликата меѓу Франција и САД по прашањето за интеграцијата на Турција во Европската унија(ЕУ) се однесуваат на формата, а на на целта Турција да биде мост помеѓу Истокот и Западот.
Ова денеска го изјави францускиот претседател Никола Саркози за време на заедничката прес конференција со неговиот американски колега Барак Обама.
„Разликата во позициите ни се однесува на формата. Традиционалната позиција на САД е интеграција на Турција во ЕУ. Мојата позиција е против интеграцијата“, рече Саркози.
Тој додаде дека ја предлага идејата Европа, Русија и Турција да создадат пространство на заедничка економија и безбедност.
„Разликата не е во целта, туку во формата“, појасни Саркози. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион принудно слета во Венеција, на дел од патниците им се слошило
Авион на „Бритиш ервејс“ кој летал од Лондон до Шарм ел Шеик принудно слетал на аеродромот во Венеција откако четири лица се пожалиле дека им е лошо, јавија денеска италијанските медиуми.
Веднаш по слетувањето на авионот, на пистата пристигнало амбулантно возило кое се погрижило за еден патник и три стјуардеси, а пожарникарите ја блокирале областа околу авионот, објави Tgcom24.
Патникот и стјуардесите имале поблаги невролошки симптоми, а состојбата на тревога набрзо била укината бидејќи по лекарски преглед било констатирано дека не се работи за посериозна клиничка слика.
Во исто време било утврдено дека во авионот нема загадувачки материи.
Сите четири жени, британски државјани, одбиле да бидат однесени во болница на дополнително испитување.
Поради ваквата ситуација дошло до мало нарушување на авиосообраќајот на аеродромот во Венеција, според медиумите.
Свет
Жените во Сирија од новата влада бараат исти права како и мажите
Илјадници жени се собраа денеска во североисточниот сириски град Камишли за да побараат новите исламистички владетели во Дамаск да ги почитуваат правата на жените и да ги осудат воените дејствија поддржани од Турција во северните региони на земјата кои се под контрола на Курдите.
„Бараме права на жените од новата држава, на жените не смее да им се одземат правата во овој систем“, рече Савсан Хусеин, активистка за правата на жените.
Курдската милиција, која ја предводи вооружената група Сириски демократски сили (SDF), поддржана од САД, е главната сила во областа. Но, рамнотежата на силите во Сирија се промени откако исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) навлезе во Дамаск и го собори Башар ал Асад од власт пред две недели, инсталирајќи нова администрација, шпишуваат светските медиуми.
Курдските групи во Сирија прифаќаат идеологија која ги нагласува социјализмот и феминизмот – за разлика од конзервативните сунитски исламистички ставови на ХТС, поранешен огранок на Ал Каеда.
Постои широко распространет страв меѓу Сиријците дека новата администрација во Дамаск ќе се приклони кон тврдокорното исламистичко владеење и ќе ги маргинализира малцинствата и жените во јавниот живот.
Портпаролот на сириската преодна влада, Обаида Арноут, минатата недела изјави дека „биолошката и физиолошката природа“ на жените ги прави непогодни за одредени владини работни места. Поради неговата изјава, жените во Дамаск веќе протестираа.
Регион
(Видео) Дрво падна врз пешак во Бања Лука: тој само замина
Исто како и во Хрватска и денеска има силно невреме во повеќето градови во Босна и Херцеговина, а еден од градовите каде снегот ги покри улиците е Бања Лука.
Како што објави „Klix.ba“, таму е снимена ситуација каде поради снегот, дрво паднало на тротоарот, токму врз пешак кој стоел таму.
На видеото може да се види како пешакот, најверојатно без поголеми повреди, излегува од под гранките кои го покривале и продолжува да оди.